Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Јанкуловска: Сосема сум спокојна, немам кривични дела

1
By Нова ТВ on June 23, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 23, 2016 12:32

Речиси три часа траеше распитот на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која е третоосомниченa во случајот за незаконското уништување на опремата за прислушување, случај познат како„Тврдина“, јавува репортерката на НОВА, Славица Филиповска.

По азвршувањето на распитот Јанкуловска посочи дека е сосема спокојна бидејќи, како што таа тврди нема направено никакви кривични дела. Во неколку наврати одби директно да одговори на новинарските прашања, дали како министерка во периодот кога е уништена опремата знаела за таквата акција .

-Овие прашања се однесуваат на оперативно технички и тактички дејствија кои се надлежност на професионалните лица во МВР, во случајов Управата за безбедност и контраразузнавање, така да би била неупатно поранешен министер за внатрешни да се впушта во инпровизација во потрага во детали и одговор за прашање, рече Јанкулоска.

По завршувањето на распитот, екс-министерката  обвини дека Специјалното обвинителство уште еднаш покажало дека работи како продолжена рака на СДСМ и дека тоа се докажало со досегашните активности на СЈО кое отварало предмети само против функционери од владејачката партија.

Според Јанкуловска, СЈО не понудило никакви докази на денешниот распит во суд, туку  побарало изземање на судијата Поп Стефанија од случајот. Со оглед на фактот што сопругот на Поп Стефанија е вработен во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, СЈО бара судијката да не го води овој случај.

Сопруг на Поп Стефанија е Сашо Јанев, 34 годишен, член на Комисијата за лустрација и поранешен секретар на Општина Неготино и на ВМРО ДПМНЕ од Неготино. Во Комисијата за лустрација бил избран во последниот состав од 2014 година.

Судијката поп Стефанија има релации и со пратеникот Павле Саздов од ВМРО ДПМНЕ, кој и е зет за братучетка.

За екс минситерката за внатрешни, барањето за изземање на судијката е потврда за политички настап на СЈО во корист на опозицијата.

-Стојам на ставот дека Специјалното јавно обвинителство води политичка пресметка во име на опозицијата со своите политички неистомисленици. Преку конструирани случаи, ксде што на луѓето за кој тие сметаат дека се нвини политички противници, им се ставаат на товар непостоечки кривични дела и денеска уште еднаш се потврди дека СЈО и понатаму го потврдува впечатокот и практично со самото тоа што во фактот што во текот на распитот СЈО побара изземање на судијата од политички мотивирани причини, е уште една дополнителна потврдина за политичкиот настап на ова Обвинителство. Без опглед на сите механизми кои ги користат, јас секогаш кога ќе ме повика судот, сум на располагање, мој интерес е да учествувам во постапката затоа што тоа е најдобар начин да се демаскираат конструкциите, рече таа.

На новинарско прашање поврзано со серијата разговори објавени од опозицијата, од кои во најголем дел се слуша и нејзиниот глас, таа вели дека се работи за нелегално стекнати снимки, но дека очекува врз основа на тоа да биде повикувана во суд.

За случајот Тврдина СЈО ги товари двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска декаво март минатата година ја искористиле својата полoжба и ги пречекориле овластувањата со тоа што организирале и спроведеле уништување на два система за следење на комуникациите.

За началникот Горан Грујовски, СЈО бараше судот да му додели мерка притвор, но тој доби куќен притвор и по неколку дена беше ослободен по одлуката за аболиција, додека за останатите четворица осомничени, меѓу кои и Јанкуловска, СЈО бара мерки за претпазливост.  По укинувањето на аболицијата, предметот се враќа кај судија на претходна постапка, аа во текот на денот се очекува и првоосомничениот началник да биде повикан на распит.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.