НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА во Романија: Катица Јанева да истрае во борбата со криминалот

2
By Нова ТВ on September 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десетици новинари, камери, телевизиски возила за пренос во живо беа на влезот пред зградата на романското специјално обвинителство ДНА, кога група од неколку македонски новинари и невладини организации пристигна таму. Задишан и вцрвенет во образите бркаа за изјава еден господин кој штотуку излезе од зградата. Неговиот лик и за нас беше познат, па кога ги прашавме колегите ни рекоа дека тоа е поранешниот Претседател на Сенатот и екс министер за внатрешни работи на Романија, Василие Блага.

dsc07949Бил повикан во ДНА на распит за вмешаност во корупциски скандал додека бил на функција. Блага си замина од романското СЈО, но новинарите останаа и натаму да чекаат, затоа што тука е секојдневие актуелни и поранешни функционери, бизнисмени, директори, градоначалници да бидат испрашувани и гонети за криминал и корупција од специјалното обвинителство на чие чело е Лаура Кодрута Ковеси.

 

Непристрасност, интегритет и ефикасност

Ова е мотото на ДНА, на чие чело е 43 годишната Лаура Кодрута Ковеси, која за специјален јавен обвинител беше назначена во 2013 година. Не дочека срдечно во нејзиниот кабинет, а кога ја прашавме за колегите кои пред зградата чекаат изјави, само се насмеа и рече „тие се тука дење – ноќе“. Во нејзиниот кабинет освен книгите со закони и документи, во очи веднаш паѓаат многуте икони кои стојат на полиците, а тука е и баскетот како симболика на првата љубов на Ковеси, а тоа е кошарката.

dsc07951

Самоуверена, сигурна во нејзините квалитети и истрајна во нејзината мисија да ги смести зад решетки сите кои ја злоупотребиле својата позиција, Ковеси со гордост вели дека ДНА има поддршка од 62 отсто од романската популација. Но, наспроти граѓанската поддршка, нејзини „непријатели“ се корупмпираните функционери и бизнисмени кои се богатат со државни пари од тендери и врски со политичката елита.

„Довербата во обвинителството кај јавноста се зголемува. Уживаме поддршка кај повеќе од 62 проценти од граѓаните. Значително е зголемена довербата кај граѓаните во целокупниот судски систем. Имаме случаи против министри, поранешни министри, пратеници, имаме и пресуди за поранешни министри, па дури и една против поранешниот премиер на Романија, кој е осуден за време на мојот мандат“, објаснува Ковеси.

dsc07954

На спротивната страна во борбата против криминалот се и медиумите кои се под контрола на контроверзни бизнисмени кои имаат бенефит од корумпирана власт. Од вкупно седум информативни телевизии, досега се поведени истраги и се обвинети газдите на шест телевизии, кои завршиле во затвор за криминални активности.

Иако се чини осамена во борбата против корупцијата сепак „ветер во грб“ и се романските граѓани кои „партизански“ и помагаат во нејзината борба против криминалот. Па така кога се носел буџетот, Министерството за финансии им ги скусило средствата кои ги барала ДНА. Граѓаните се организирале преку социјалните мрежи твитер и фејсбук и отвориле сметка за донации за Специјалното обвинителство. Кога министерот и владата увиделе каков гнев навлекле на себе, за три часа ја смениле одлуката и го одобриле бараниот буџет на ДНА.

„Има повеќе видови на притисоци. Најмногу сме притиснати од роковите во кои треба да ги сработиме случаите. Има некои барања кои мора да се решат веднаш. Но, другиот аспект се други видови на притисоци. И овие притисоци се манифестираат преку нападите од оние кои се под истрага, или луѓе кои ги поддржуваат тие кои се под истрага.“, вели Ковеси.

А под истрага, како и обвинети во списокот на Ковеси се најдоа поранешните премиери Адријан Настасе и Виктор Понта, како и братот на екс претседателот Трајан Басеску, кој беше осуден додека Басеску беше на функција.

Борбата против криминалот виза за влез во ЕУ

Специјалното обвинителство е формирано во 2006 година, како еден од условите од Брисел за влез на Романија во Европската Унија. Оваа институција тогаш почнала скромно, па дури изгледала и безнадежно во државата во која корупцијата е навлезена во секоја пора од општеството.

unnamed

Во првата година од постоењето имало само 360 обвинети, а 155 осудени лица за криминал. Бумот се случува со доаѓањето на Ковеси во 2013 година, кога дури 1073 луѓе се испратени во судница, а 1051 од нив добиле осудителна пресуда. Трендот продолжува и натаму.

„Во првите 8 месеци од годинава отворени се 238 нови случаи, во кои се обвинети 777 лица. Меѓу обвинетите има девет пратеници, пет сенатори, еден министер, генерален секретар на Сенатот, претседател на Осигурителна комисија, седум судии, 14 градоначалници, 22 директори на државни институции, 44 полицајци и многу други обвинети на различни позиции, за кои ДНА побара да се изречат мерки за замрзнување на нивните пари и имот во вредност од 260 милиони евра“, велат од ДНА.

Во моментов ДНА до Парламентот има доставено барања за симнување на имунитет и притвор на четворица пратеници и еден сенатор, кои се обвинети за корупција. Две од барањата се одобрени, а три се одбиени.

maja-telop-2 maja-telop-3

Ќе успее ли СЈО да опстои како ДНА?

Македонското Специјално обвинителство на чело со Катица е формирано и структурирано по теркот на ДНА на Ковеси. Романската обвинителка беше и во Скопје, а делегација од македонското СЈО престојувало во Букурешт, каде одблиску се запознале со работата на своите колеги. Ковеси вели дека и ДНА на почетокот ги имала истите проблеми како Специјалното јавно обвинителство во Македонија.

Имало обиди за укинување на обвинителството, за деградирање на обвинителите, за нивно поврзување со политички партии, но сепак ДНА се уште опстојува и добива и се поголеми надлежности. Под јурисдикција на ова обвинителство се сите случаи во кои криминалот е поголем од 10.000 евра.

Ковеси на своите македонски колеги им порачува да бидат трпеливи и да опстојат во својата битка за докажување на правдата.

„Специјалното обвинителство во Македонија е многу млада институција. Таа е основана само пред една година. Затоа кога зборуваме за толку млада институција, многу е тешко да имаме брзи резултати. Затоа што зборуваме за комплицирани случаи, кои е многу тешко да се отворат, да се завршат и да има конечни пресуди. Затоа што исти како и во Романија, така и во Македонија има начини да се нападнат самите пресуди.“, вели Лаура Ковеси.

Во овие денови кога Јанева го брани својот извештај во Собранието и кога е торпедирана од пратениците од власта, од Романија до неа стигна порака:

„Мојата порака до колегите во Македонија е да продолжат со нивната работа да не дозволат да бидат заплашувани од никого и да го спроведуваат законот професионално и непристрасно“, советува Ковеси.

maja-telop-1ДНА денес има 164 обвинители, 217 полицајци кои одговараат само пред обвинителството на Ковеси, како и 70 експерти. Она што остави впечаток е дека кога ДНА отвора истрага и има осомничени лица, во соопштенијата за јавност или во изјавите нивните имиња не се кријат. За разлика од кај нас, каде се споменува на пример лицето Н.Н., таму и кога се осомничени сите се соопштуваат со име и презиме, со напомена дека се уште постои презумција на невиност.

 

Осомничен од македонското СЈО во срцето на Букурешт

Во Романија граѓаните слушнале за Специјалното јавно обвинителство, но не за причините и мисијата за неговото формирање, туку затоа што во срцето на Букурешт им испративме функционер осомничен во случајот „Тврдина“. Поранешниот шеф на кабинет на директорот на УБК Мијалков, Тони Јакимовски, месецов стапи на функција генерален директор на СЕЛЕК, регионалната мрежа на 12 држави од југоисточна Европа, со седиште во Букурешт.

dsc07883

Од СЕЛЕК немале никаква информација дека против Јакимовски се води случај во Македонија, а за неговата стручност и професионалност гарантира Владата и МВР, односно во време на изборот министерот Митко Чавков. Тони Јакимовски е второосомничен во случајот Тврдина, а СЈО го гони за злоупотреба и за фалсификување документи во тајната операција со која се уништени два системи за прислушување во МВР. Преку еден од уништените системи е извршено нелегалното следење на комуникации. Јакимовски во Букурешт се бори против меѓународен криминал и трговија со луѓе, со оружје и со дрога. Тој сега не само што е далеку од Скопје, туку благодарение на поддршката од Димитриев и Чавков, има и дипломатски имунитет.

„Не можам јавно да коментирам за истраги кои се во тек во Македонија и затоа не можам да дадам никакви детали и да коментирам за тоа“, ни изјави Лаура Ковеси кога ја прашавме дали знае за случајот во кој е осомничен Јакимовски.

Закани и уцени кон Ковеси

Во април годинава двајца Израелци беа уапсени во Романија под сомнение дека биле ангажирани од лица кои биле под истрага на ДНА, за да и се закануваат и да ја уценуваат Ковеси. Тие биле вработени во израелската компанија Black Cube и ги хакирале мејловите на неколку обвинители од романското СЈО, а заплашувале блиски и роднини на специјалната обвинителка. Ковеси тогаш потврди дека имало „неуспешен обид да ја заплашат и замолчат, но тоа не се остварило“.

Тоа е и најсериозната закана за „челичната дама“ од Букурешт. За разлика од кај нас, кога мистериозно се самоуби сведокот на СЈО Коста Крпач, во Романија нема ниту едно убиство или сомнителен несреќен случај на лице кое треба да сведочи против обвинет политичар или бизнисмен.

Земјата на Дракула, Чаушеску и Ковеси

Во Романија Дракула е мит, Чаушеску е историја, а Ковеси во моментов остава свој белег. За дел од новинарите таа е повеќе филмска ѕвезда, отколку вистински борец против криминалот. За дел пак од невладините организации во неа Романците гледаат спасител и очекуваат да ги реши сите проблеми. Сега е времето на Ковеси. Резултатите од нејзината работа ќе се видат за неколку години.

img_4086

 

 

Букурешт ДНА Катица Јанева Лаура Кодрута Ковеси Романија СЈО Тони Јакимовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

ВЕСТИ August 1, 2025

Најмалку 28 лица се убиени во вчерашните руски напади во Киев, според ново ажурирање од…

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Хамас објави видео од израелски заложник

August 1, 2025

Вашингтон: САД воведоа санкции врз преставници на Палестинската самоуправа и ПЛО

July 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.