Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протестен перформанс: Тодоров празните ветувања убиваат!

0
By Менче Атанасова Точи on October 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 18, 2016 14:28

Со транспаренти„ Дозволивте епидемија на СИДА во 21 век“, Ако умрам фрлете ме пред кабинетот на Тодоров“, „Ќе не носите сите на душа“ ,„ Тодоров празните ветувања убиваат“ преку протестен перформанс , Граѓанските организации сплотени во заедничка Платформа, го искажаа своето незадоволство пред Министесртвото за здравство од вчерашното усвојување на буџетот во кој парите за ХИВ и туберкулоза се скратени на 27 милиони денари, наместо предвидените 65 милиони денари.

„Од следната година со овој срамен буџет лицата со ХИВ ќе останат без терапија, за превенција нема да остане ништо. Смрт од сида во 21 век! Ако не продолжат Програмите ќе има пораст на нови инфекции, млади луѓе ќе умираат од СИДА. Какви се тие луѓе во Собранието кои вчера го усвоија овој  буџет и ќе дозволат луѓе да умираат“ , рече Андреј Сених извршен директор на здружението  „Заедно посилни“.

Облечени во црно тие низ перформансот ја најавија смртта, легнати на земја при што извикуваа„Убијци, убијци,убијци„“

Ова ќе биде директна одговорност на министерот Тодоров, бидејќи не ги исполни обврските што ги имаше преземено дека Министерството од следната година ќе го преземе финансирањето на програмите за превенција на ХИВ. Со тоа нанесува огромна штета на нашите национални напори да го ставиме вирусот под контрола, велат од здружението.

Граѓанските организации предупредуваат дека со овој буџет луѓето што живеат со ХИВ се ставени во ризик да им прекине терапијата кон крајот на следната година, а  средствата за превенција се целосно скратени.

Оваа неодговорна одлука ќе има опасни последици врз здравјето на нацијата, а  Министерството за здравство добро знае дека епидемијата на ХИВ во Македонија ќе се зголеми ако не се продолжат програмите за превенција.

Анализите на Министерство за здравство и Светската банка покажаа дека  Македонија може да спречи најмалку 860 лица да се заразат до 2030 година доколку продолжат на соодветен начин програмите за превенција. Тоа е 4 пати повеќе од бројот на луѓе што во моментот се лекуваат од ХИВ на Клиниката за инфективни болести. Уште пострашно, Министерството за здравство со кратењето на средствата дозволува најмалку 290 луѓе во Македонија да умрат од СИДА до 2030 година, поради ширењето на инфекцијата и поради доцна дијагноза.

hiv-protesten-performans-mz

Во 21. век, кога знаеме како се превенира ХИВ, и кога оваа инфекција може да се лекува, Тодоров дозволува наши граѓани и млади луѓе да умираат од СИДА! Светот на големо зборува за ставање крај на ХИВ-епидемијата до 2030 година. Во Африка епидемијата е веќе ставена под контрола и опаѓа бројот на нови инфекции, а ние во Македонија ќе имаме пораст на новите инфекции и луѓе ќе ни умираат од СИДА.

hiv-protesten-performans-mz03

ХИВ е вирус кој може да се превенира и ако навреме се открие, за него има терапија. Терапијата за ХИВ спречува болест, но спречува и вирусот да се пренесе. Граѓаните на Македонија имаат право на ефикасни и докажани програми за превенција и за рано откривање на ХИВ, како и право на квалитетно лекување. Ако се открие навреме и се лекува денес луѓето можат да продолжат да си го живеат животот нормално и здраво, па и да создадат семејство и да имаат здрави деца. Тоа нема да биде можно со скратениот буџет од страна на Тодоров, а аминуван од пратениците, порачуваат од здружението „Заедно посилни“.

По завршувањето на протесниот перформанс, граѓанските активисти ги закачија транспарентите пред Собранието на Македонија.

hiv-protesten-perfomans-sobranie

буџет протетсен перформанс ХИВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.