Од:

Прозивка за собирот во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и потписи за присуство

На само неколку стотина метри од владата, каде што се одржува „непартискиот собир“, против платформата на Албанските партии,  неколку десетици граѓани потпрени на ѕидот пред партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ кој се наоѓа во близина на зградата на владата се потпишуваа на листови на кои се напишани имиња и презимиња.

Останатите граѓани кои мирно протестираат велат дека се собрале за да го изразат својот револт против менувањето на Уставот, двојазичноста и федерализацијата. Велат дека не сакаат да го учат албанскиот јазик.

Од владата, граѓаните протестот ќе го продолжат пред Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, па потоа пред Собранието.

 



Comments are closed.