Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никола Попоски во напад на медиумите и граѓанските организации

6
By Нова ТВ on January 15, 2017 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 15, 2017 12:46

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение и преку интервју на министерот за надворешни работи Никола Попоски, повторно се закани на медиумите и невладините организации кои се финансирани од Фондацијата отворено општество.

Во соопштението кое го испрати партијата, се вели дека процесот на десороизација започнува. Во исто време, во интервју кое сабајлево го пренесе порталот „Телеграф.мк“, во кое министерот Попоски за италијанскиот весник „Ла верита“ вели дека со финансирање на граѓанскиот сектор, Сорос прави притисоци и дестабилизација на државата.

Ниту во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак во интервјуто на Попоски не се споменуваат парите кои Сорос ги дал на владата во која премиер беше Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека, СДСМ и Сорос се посветени на мисијата за уништување на демократијата преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица.

„СДСМ и Сорос преку истурање грантови системски ги корумпираат новинарите и медиумите, создавајќи од нив полукорисни роботи кои без приговори ги извршуваат задачите кои им се даваат. СДСМ и Сорос се гробари на т.н. граѓански сектор создавајќи мрежа на марионетски невладини организации кои се слепи послушници на наредбите кои ги добиваат со цел креирање тензии и зголемување на влијанието на Сорос во државата. Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во интервјуто на Попоски, тој посочува дека лобито на Сорос финансирало македонски невладини организации и на тој начин правело притисоци врз македонската јавност.

„Отворено општество финансира субјекти коишто на нетранспарентен начин се занимаваат со политика, а тоа е неприфатливо за нас. Всушност, од овие субјекти произлегуваат медиумските притисоци и несоодветните влијанија врз јавното мислење.  Но, од нив пред сè започнуваат политички битки, коишто како по некоја наводна  случајност, секогаш вршат притисок во еден правец. Секогаш во корист на социјалистичката коалиција. Тоа според нас е дестабилизација“, вели Попоски.

Инаку Фондацијата Отворено Општество во Македонија вложила 145 милиони долари. За образованието донирала 32 милиони долари а во здравството 13, 5 милиони долари. 800.000 добило Министерството за труд и социјална политика.

ВМРО-ДПМНЕ граѓанско општество десороизација медиуми Никола Попоски Сорос финансирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.