Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека каматата за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит, ќе биде 1,95%.
Компаниите ќе може да инвестираат во средства за производство, обновливи извори на енергија и деловни простории за сопствена потреба.
Рочноста е до три години грејс период и до 15 години отплата. Секоја компанија може да аплицира во било која банка, па откако ќе се одобри кредитот, Развојната банка ќе ги префрли парите. Компаниите ќе треба да имаат 20% учество со сопствени средства, со што инвестицискиот бран на стопанството би бил 300 милиони евра, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека средствата ќе бидат достапни од утре.