Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

11 кривични пријави за случајот со 13 годишното девојче од „25 Мај“

1
By Нова ТВ on February 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за труд и социјална политика поднесе кривични пријави против 11 лица од надлежните институции во врска со случајот со 13 годишната штитеничка на Домот „25 мај“ која додека е под старателство на државата подог временски период била жртва на силување.

Кривичните пријави поднесени до ОЈО се против раководни лица во Центарот за социјална работа – Скопје за ,,несовесно работење во служба’’ и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично дело ,,запуштање на малолетно лице’’, и за ,,несовесно работење во служба’’. 

Сите овие лица биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија по предметот на малолетната Р.И. во периодот од 2012 – 2017 година, кога таа и била злоставувана. 

Исто така, поднесени се и 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно со Законот за работни односи. Поведени се и 13 постапки за сторени прекршоци од страна на стручните лица во постапувањето во овој случај, согласно со Законот за социјална заштита.

Кривичните пријави се врз основа на инспекцијата што Министерството ја спроведе во сите надлежни институции.

Наодите од инпекцијата се дека “во периодот додека Р.И. била згрижена во згрижувачко семејство и во постапката за водење старателство врз малолетното лице, констатирано е дека старателите биле често менувани и притоа отсуствувале клучните елементи од старателската функција. При поставувањето на старател, Центарот не изготвувал наод и мислење на стручен работник, наод и мислење на стручен тим и лист за следење за работа со корисникот“.

И најважно, „од извештајот на старателот кој непосредно ја вршел старателската должност, не може да се види неговата грижа за лицето ставено под старателство, а особено за неговото здравје, издржувањето и оспособувањето за самостоен живот, за негово воспитание и образование, како и за сѐ друго што е од значење за лицето ставено под старателство“.

По информациите добиени од Р.И. во октомври 2016 година дека во текот на летото имала полов однос со одредено лице, назначениот старател не повел постапка за утврдување на фактите, ниту пријавил до Министерството за внатрешни работи, велат од Министерството.

Инспекцијата исто така утврдила дека „Центарот во повеќе наврати давал согласност за видување и престој на малолетната Р.И. кај нејзините родители и покрај тоа што им било одземено вршењето на родителското право врз три малолетни деца, поради континуирано злоупотребување и занемарување на родителските должности“.

-Документирано е дека за време на престојот кај родителите, таа била повторно присилувана и наведувана на питачење, се вели во соопштението од МТСП.

По промената на координаторот на предметот во јули 2017 година, утврдено е дека тој ги преземал сите потребни мерки: до МВР се доставуваат редовни пријави, а кога се појавиле индиции дека Р.И. е можна жртва на трговија со луѓе, таа е привремено сместена во шелтер центар и со неа разговарале инспектори од Одделот за организиран криминал и жртви на трговија со луѓе.

Министерството констатира дека и покрај овие интервенции изостанала реакција од ОЈО.

Покрај лоцирањето на одговорност во Центарот за социјална работа, МТСП паралелно ја испитува и работата на ЈУ Завод за згрижување на деца со вопитно – социјални проблеми и нарушено поведение, каде што е во тек инспекциски увид. Деталите од тој увид исто така ќе бидат споделени со јавноста, велат од Министерството.

Како беше откриен случајот

Алармот за случувањата во установата „25 Мај“ се вклучи минатата недела кога невладината организација Европски центар за правата на Ромите (ЕЦПР) објави дека 13-годишна штитеничка на домот била подложена на абортус откако забременила по сексуално злоставување.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека се сомнева дека станува збор за сексуална експлоатација на малолетничката и побара Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да го расчистат случајот.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека оформило предмет по писмени известувања поднесени од МВР, во врска со случајот со злоставуваната малолетничка од „25 Мај“ и оти се проверуваат и наводите од пријавите и за организацијата и работењето во установата.

Како што велат, отворен е и предмет по поднесена кривична пријава од страна на родителите на девојчето, преку адвокат, против лица вработени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, а за сторени кривични дела – „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ од Кривичниот законик.

Од ЕЦПР од Центарот за социјална работа побарале да се поведе и дицисплинска или судска постапка за несовесно, неодговорно и непрофесионално работење на поставениот старател на детето и Домот.  Но од таму им одговориле дека „не постои неправилно постапување од страна на поставениот старател и од страна на одговорните лица во домот за деца без родители 25 Мај, Бутел – Скопје“. Адвокатката вели дека лицето кое одговорило на нивното барање всушност била и стрателката на детето за кој тие барале одговорност.

Основното јавно обвинителство Велес, пак, постапува по предмет за кој веќе во јавноста беа објавени детали. МВР во понеделникот соопшти дека против едно лице веќе поднеле кривична пријава за полов напад врз дете, кое признало дека имало сексуални односи со 13-годишното девојче лани во ноември, кога во бессознание била однесена во општата болница во Велес.

По применото известување, обвинителството веднаш издало Наредба за телесен преглед до Институтот за судска медицина. Во понеделникот до Обвинителството од страна на Министерството за внатрешни работи е пристигната кривична пријава против конкретен сторител.

Од Обвинителството истакнуваат дека информациите кои можат да се споделат во моментов се само оние кои нема да ја повредат тајноста на постапката.

Но реакцијата на ОЈО и МВР е дури шест месеци откако до нив е поднесена кривична пријава од ЕЦПР.

 

 

кривични пријави МВР МТСП ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.