Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

125 војници први ќе и’ служат на Македонија како членка на НАТО

0
By Нова ТВ on July 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во АРМ од денеска почнаа со работа 125 нови професионални војници, од вкупно 375 колку што ќе бидат нововработени до крајот на годинава.

„Како војници треба да бидете горди што ќе бидете првата генерација која ќе служи на својата земја како земја членка на НАТО, рече  премиерот Зоран Заев.

„Нашето членство во сојузот за вас ќе отвори поголеми можности. Македонската армија со години наназад рамо до рамо со војските членки на НАТО учествува во мировните мисии и добива највисоки оценки. Со учеството во тие мисии растеа и капацитетите на АРМ. Министерството за одбрана и Владата на РМ заеднички работеа напорно за да го вратиме дигнитетот на вашата професија, а минатата година се соочивме со поразителна состојба после застојот во реформите. Но го прифативме предизвикот и за само една година нашата земја го постигна она што никој не можеше да го предвиди – рече Заев.

„Вие сте првата група од вкупно предвидените 375 нови професионални војници кои годинава треба да го зајакнат составот на АРМ. Сакам да ви кажам дека вие ја започнувате вашата кариера во вистинско, крунско време. Време на големи предизвици, модернизација и професионализација на армија. Време во кое Македонија ќе ја унапредува одбраната и ќе го достигне стандардот на Алијансата, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

 Шекеринска го посочи примерот со Бугарија, каде за период од 5 години странските инвестиции од 7 достигнаа 20 проценти од БДП.

Тој додаде дека Владата почнала со зголемување на Буџетот за одбрана и дека обезбедува доволно средства што ќе ги задоволат сите потреби на една современа армија, а најави и реформи кои, како што рече, ќе се почуствуваат многу брзо.

АРМ војници Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.