Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

16 години од 9/11 – денот што го шокира светот

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 11, 2017 09:38

САД денеска одбележуваат 16 години од терористичките напади на Њујорк и Вашингтон, кои на 11 септември 2001 година го шокираа целиот свет.

Во нападите загинаа вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се водат како исчезнати. Во оваа бројка не се вклучени и загинатите 19 терористи.

Помошникот на американскиот претседател за прашањата за борба против тероризмот, Том Босфорт вчера изјави дека американските специјални служби не располагаат со податоци дека против САД се подготвуваат некакви големи напади во врска со годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година.

– Засега нема реални закани од страна на терористите, за кои би било потребно да се преземат дејствија, рече Босфорт.

Нападите во 2001 година ги извршија припадници на терористичката група Ал Каеда, а тој трагичен настан го означи почетокот на американската и западната глобална кампања против тероризмот, која резултираше со војните во Авганистан и во Ирак, со отворање на затворот во Гвантанамо, јакнење на безбедносите мерки и агенции на сметка на човековите права, со зголемување на воениот буџет.

Војната против тероризмот се уште трае, но Ал Каеда, чиј лидер Осама бин Ладен е убиен, ја заменија нејзините ограноци и Исламска држава, против кои се водат борби на Блискиот Исток, во Сирија и во Ирак, додека на мета на терористите се почесто се европските престолнини.

Во САД одбележувањето на годишнините традиционално се одржува во Националниот меморијален центар, кој се наоѓа на местото на некогашниот Светски трговски центар, каде се урнати кулите близначки.

Оддавањето почит на жртвите во Меморијалниот центар вклучува и читање на имиња на настраданите во нападите од 1993 и 2001 година, додека навечер два снопа сина светлина насочени кон небото потсетуваат на урнатите кули.

11 септември 2001: Светот во шок

На 11 септември 2001 година два киднапирани авиона ги урнаа кулите близначки по што следеше удар на третиот авион врз зградата на Пентагон во Вашингтон. На крајот е соборен авион во Пенсилванија.

Акцијата на 19 припадници на Ал Каеда почна со киднапирање на четири патнички авиони, кои полетале од аеродромите во Бостон, Њујорк и Вашингтон.

Киднаперите влегле во кабините на авионите и користејќи ножеви за сечење хартија, кои ги прошверцувале, ги убиле пилотите и ја преземале контролата врз леталата.

Првиот авион на „Американ ерлајнс“ во 8:46 часот по локално време удри во северната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк, а 17 минути подоцна вториот киднапиран авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ удри во јужната кула, додека третиот го погоди седиштето на Пентагон.

Од кулите-близначки во Њујорк само 20 луѓе, кои биле на катовите над местото на нападот успеале безбедно да ја напуштат зградата пред да се урнат. Меѓу жртвите на 11 септември имало 371 странец, а 343 пожарникари загинале во падот на кулите-близначки додека се обидувале да им помогнат на повредените да ги напуштат зградите.

Подоцна надлежните служби на САД оценија дека мозокот на нападите бил Халид Шеик Мухамед, кој е уапсен во март 2003 година во Пакистан, а во февруари 2008 година е обвинет за воени злосторства.

Теории на заговор

Командоси на американските воени сили во пролетта 2011 година извршија упад на имот во Пакистан, каде се криеше Осама Бин Ладен и го ликвидираа, за што тогашниот претседател на САД, Барак Обама ја извести нација и целиот свет.

Во 2007 година рускиот весник „Комсомолскаја правда“ напиша дека „САД сами си ги уништиле кулите-близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година“, повикувајќи се на 130 американски градежни инженери и архитекти, кои ги поткрепуваат своите наводи со анализа на фотографии и видео-материјали, како и многубројни сведоштва на очевидци.

– За нас е јасно дека станува збор за професионално уривање на зградите со користење експлозиви, истакна американскиот архитект Ричард Гејџ, иницијатор на петиција подготвена од експерти до Конгресот на САД.

– Сите знаат дека таква акција бара и сложен систем на минирање. Со оглед на системот за контрола и безбедност во Светскиот трговски центар, тешко е да се претпостави дека терористи можеле да преземат такви активности без да бидат забележани. Така стигнавме до ужасното мнение дека нападот можел да биде „режиран“ во владини кругови на САД, објаснил експертот за „Комсомолскаја правда“.

Нападите на 11 септември 2001 година досега се еден од најзначајните настани во 21. век, кој предизвика бројни економски, социјални, културни и други последици во САД и други делови од светот.

11 септември годишнина САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.