Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(2023) Сценарио 4/8: ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа

0
By Marta Pesevska on January 15, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 15, 2023 21:07

Четврто од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија.

ЏАБИР ДЕРАЛА

Линк до СЦЕНАРИО 1/8 | Линк до СЦЕНАРИО 2/8 | Линк до СЦЕНАРИО 3/8

Годината е исполнета со силни турбуленции, продлабочена политичка криза и жесток медиумски судир меѓу поранешниот и актуелниот премиер, Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Но, кон крајот на 2023 година, двајцата лидери наоѓаат заеднички јазик и даваат позитивен пример за конструктивен дијалог и помирување.

ВЛАСТА НЕ ПОПУШТА: НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВО 2023

Северна Македонија кон крајот на годината изгледа како да се стабилизира. Власта носи мудра одлука да не им попушти пред барањата за предвремени парламентарни избори и, за среќа, тврдоглаво се држи до ЕУ агендата.

АХМЕТИ СО ПЕСНА ГИ ЕЛИМИНИРА ВОСПАЛЕНИТЕ БУНТОВНИЦИ

За разлика од СДСМ кој доживува поголеми потреси, ДУИ поминува далеку полесно. Уште на почетокот на годината, Али Ахмети и буквално со песна ја елиминира внатрепартиската опозиција која јавноста ја знае како „воспалената“ или „огнената група“.

Премиерот на Албанија ги чести лидерите на македонските политички партии на Албанците со пост-новогодишна вечера и ја „бетонира“ нивната ЕУ агенда. Сепак, ни тоа не е доволно да ги намали ефектите од политичката криза и блокадите што ги поставуваат антиевропските политичари во земјата.

РАДИКАЛНА РЕТОРИКА

Кон крајот на летото 2023 година, актуелниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ, кој постојано успева да се извлече од внатрепартиските пучеви, излегува со тврдење дека ќе формира влада без Албанци и дека насилно ќе ја преземе зградата на владата. Но дел од неговите сопартијци, свесни за уште поголемите ризици што ги носи таквото однесување, почнуваат отворено да го критикуваат, што е преседан за оваа партија која вообичаено е затворена кон јавноста. Некои тоа го толкуваат како демократизација на ВМРО-ДПМНЕ. Погрешно.

Соочен со растечки милитаризам и десничарски популизам и во својата партија, а секако во „ликот и делото“ на неколку други, помали, но многу гласни конкурентски партии, Мицкоски ја засилува својата реторика. Тој ги обновува повиците за ревизија на Преспанскиот договор и сите други регионални и меѓународни договори и преземени обврски на државата. Сѐ поотворено говори за напуштање на принципот на коалицирање со албанските партии како услов да се формира влада. Во својата „нова“ (стара) програма, Мицкоски бара ослободување на осудените за теророт во Собранието на 27 април 2017 година, забрана на абортусот и криминализирање на ЛГБТИ заедниците. Илија Димовски и неколку високи партиски функционери ја напуштаат партијата.

КАТИЉ ФЕРМАН ОД БУДИМПЕШТА

Кон крајот на 2023 година, ВМРО-ДПМНЕ се соочува со целосен распад. На Мицкоски не му успева ниту една кампања за дестабилизација на земјата. Спасот на својата партиска фотелја го гледаше во предизвикување и одржување на политичката криза, па и во предвремени избори. Но попусто. Завршуваат со целосен неуспех сите негови операции. Повеќе од јасно беше дека неговата кариера одамна виси на конец, а по безбројните обиди да стане фактор околу кој ротира сѐ во земјата, конечно, ѝ дојде крајот.

Груевски од Будимпешта испраќа катиљ ферман – јавно се откажува од него на социјалните мрежи. Притоа, во вообичаено долгата и здодевна објава, Груевски не заборава да сподели дека би се вратил, но дека се плаши од затвор. Потоа го брише тој дел од објавата, но доцна му е, мангупите од прогресивните медиуми го објавуваат на сите страни.

КРАЈ

Апасиев ги трие рацете, очекувајќи дека ќе ги прибере разочараните вмровци во својата партија, но Максим Димитриевски е побрз. Сепак, на Максим не му е доволно што членството на неговата партија се зголемува, туку, користејќи го вакуумот на моќта, прави еден прилично збунувачки потег. Нуди спојување на неговата партија со ВМРО-ДПМНЕ и се кандидира за претседател на партијата.

Груевски, за чудо, одговара со многу кратка објава на социјалните мрежи. Тој со краен цинизам го одбива предлогот на Максим, нарекувајќи го „непристоен комуњарски предлог“. Со тоа, само уште еднаш покажува кој е главен и неприкосновен шеф на вмровците.

Сепак, ВМРО-ДПМНЕ веќе не може да го поднесе сопствениот отров. Најголемата партија која „се прослави“ со тешки криминали и насилство во изминатите децении, се сопнува од сопствениот радикален, антизападен, националистички популизам.

Серија урнебесни сатирични текстови што ги објавува Фронтлајн, ја открива вистинската димензија на радикалната политика и популизам. Јавноста громогласно се смее, додека ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа.

Ни Груевски, со голем број патетични објави на социјалните мрежи, па дури и интервју од Будимпешта за една новинарка на ТВ Сител, не успева да го сопре стрмоглавиот пад на партијата што му донесе огромно богатство нему и на неговата политичка Фамилија. Конечно, ги гаси сите свои профили на социјалните мрежи. Тоа, симболично, го означува и крајот на ВМРО-ДПМНЕ.

Малку подоцна, соочен со последиците од познатата „Црна листа“, Груевски решава да емигрира некаде каде што нема да го стаса раката на санкциите. Барем така се надева.


Ова е четврто од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија. Текстот е на места со намерни претерувања и сатира чија цел е да ги насмее, но и замисли читател(к)ите. Сепак, ниту едно сценарио не е невозможно. Дури и осмото.

(2023) Сценарио 1/8: Радикализација на опозицијата, погрешни потези на социјалдемократите, вмровците победуваат на избори, но не составуваат влада
(2023) Сценарио 2/8: Бугарски синдром, шампита-пуч, политичко и законодавно лимбо
(2023) Сценарио 3/8: Ризик по опстанокот на државата

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
ВМРО-ДПМНЕ Груевски катиљ ферман Мицкоски Распад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.