Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

21 загинат во невремето, телата се предадени на семејствата

0
By Нова ТВ on August 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Последна информација од МВР: До 15 часот бројот на загинати лица во невремето во Скопје достигна до 21, од кои 20 лица се идентификувани, а една жртва се води како непозната. Телата на загинатите им се предадени на семејствата. Починатите лица се пронајдени на подрачјето на  Гази Баба односно: Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и  с.Црешево. Од МВР информираат дека бројот на повредени граѓани е околу 70, а дел од нив се хоспитализитани по скопските болници.

Од МВР сооштија дека јавен обвинител не излегол на терен, за да ја констатира состојбата.

„Во врска со начинот за превземање на мерки беше запознат и дежурен јавен обвинител, кој што не излезе на лице место, а даде конретни насоки за начинот на постапување на полициските службеници во делот на идентификување на настраданите лица.“, велат од МВР.

 

Се преземаат мерки поради настанатата елементарна непогода,и притоа дадени се конкретни задачи на сите вклучени државни органи во делот на претрес на терен, со цел пронаоѓање евентуално други настрадани лица, потоа настанати штети, како и воспоставување на елементарни услови за живеење.

За таа цел, подрачјето зафатено од елементарната непогода, поделено е на два реона, и тоа:

Прв реон – обиколница кај Смилковско езеро, Камник до улица„Алија Авдовиќ“, на кој терен претрес ќе вршат АРМ и

Втор реон – од улица „Алија Авдовиќ“ према с.Арачиново на кој терен претрес ќе вршат МВР и притоа се ангажирани полициски службеници од (ЕСЗ, ЕБР, ПС ОН и ЕЈРМ).

Од страна на екипи од Општината Гази Баба и Град Скопје ангажирани се правни лица со механизација за расчистување на штетите настанати од непогодата. Пожарната бригада ја испумпува водата на критичните точки, а редуциран сообраќај има на дел од обиколница и во правецот од влез од нас.Ченто према с.Арачиново, додека пак во централното градско подрачје сообраќајот е нормализиран.

Во текот на целокупната активност од страна на МВР – ОСПО покрај полициските службеници ангажирани се 34 дефендери, 9 пинцгауер, 3 џип чироки, 5 хермелини, 3 хамери, 1 подвижна механичарска работилница, 3 санитетски возила и 3 хелихоптери, додека пак од СВР Скопје,, 4 комбиња фолксваген, 5 дефендери и 5 јети.

 

жртви МВР невреме поплава Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.