Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

25 јули е краен рок за одлука за референдумот

1
By Соња Петрушевска on July 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 18, 2018 15:34

25 јули  е крајниот рок до кога треба да се избере ДИК и да се донесе одлука за референдум – велат владини извори за НОВАТВ. По овој датум, можно е да има пролонгирање на датумот за одржување на референдумот, зашто одлуката за распишување треба да се донесе најмалку 60 дена пред денот на референдумот.

Според истите извори, вечерва на лидерската средба ќе се соопшти и референдумското прашање.

Ако вечерва не се постигне договор на лидерска средба, парламентарното мнозинство ќе ги изгласа измените на Изборниот законик со кои се предлага членовите на ДИК да се избираат со просто мнозинство, наместо со двотретинско мнозинство и кандидатите за членови на ДИК да не се избираат на Комисијата за избори и именувања.

Неофицијално, власта е подготвена на отстапка само во делот на финансирањето на политичките партии и делумно за барањето за „пржинска влада“, но не и за амнестијата за 27 април.

Од власта и од опозицијата засега се воздржани од исходот на вечерашната средба.

„Од лидерската средба очекувам да ја дефинираме темата референдум. Тоа значи да го определиме датумот за одржување на референдумот, да го дефинираме референдумското прашање, карактерот на референдумот, Државната изборна комисија и сето она што е поврзано со референдумот. Очекувам да се одважиме и да покажеме дека навистина сите сме за Европската унија и НАТО и дека сме за обезбедување на иднина на Македонија и на сите наши граѓани“, рече премиерот Зоран Заев.

И претседателот на ДУИ Али Ахмети кој денеска организираше прием за поканата во НАТО кажа дека очекува „ сите политички сили  да изнајдат енергија за да ги доближиме ставовите и да имаме успех во реализаиција на целите кои се јавно познати, а тоа е реализација на договорот со Грција за да го отвориме патот кон исполнување на стандардите и приемот на Македонија во НАТО, како и отпочнување на преговори за членство во ЕУ“.

Ахмети додаде дека Македонија нема друга алтернатива освен членството во НАТО и почнувањето на преговорите со ЕУ и дека тоа ќе обезбеди мир, стабилност и економски развој и иднина.

„Ако некој има друга алтернатива, нека каже која е“, вели тој. Ахмети рече дека „предвремени парламентарни избори не се  решение“.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека остануваат на „принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес“.

Кршењето на правото со цел спроведување на капитулантскиот договор не смее да помине, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Заев ја свика лидерската средба за вечерва  во 18 часот во Клубот на пратениците.

Како што се објаснува во соопштението од владината прес-служба, „заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на лидерската средба во формат 1+1 (лидерот плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети сите партии кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието“.

Според овој формат, покрај премиерот и лидер на СДСМ, на средбата треба да присуствуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, лидерите на двете крила на „Беса“ Билал Касами и Африм Гаши, на ДОМ Лилјана Поповска, на ДПА Мендух Тачи, на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на ЛДП, Горан Милевски, на НСДП Тито Петковски и на СПМ Љубисав Иванов – Ѕинго.

 

 

 

Влада лидерска средба референдум Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.