Околу 400 килограми кокаин се пронајдени во руската амбасада во Аргентина, а пријавата до полицијата дошла токму од амбасадорот.
Рускиот амбасадор и раскажал на полицијата дека еден вработен имал сомнително многу дипломатски багаж.
Откако пронашле 16 куфери кокаин, аргентинската полиција ја заменила дрогата со брашно и ставила уреди за следење.
Полицијата и руската служба за безбедност ја следеле пратката до Москва.
Потоа уапсиле тројца аргентински цариници, Русите кои ги земале куферите на аеродромот и рускиот дипломат.
Дрогата е во вредност од над 60 милиони долари.