По катастрофалниот пожар на 23 јули во источниот дел на областа Атика, целосно изгореле 70 отсто од областа Мати, а 30 проценти делумно или воопшто, соопшти Центарот за управување со природни катастрофи од Националната опсерваторија од Атина.

Фото: АНА МПА

Како што јави МИА од Атина, од опсерваторијата соопштуваат дека ортофото картата што покрива површина од 4318 хектари е направена од фотографии снимени со дрон, два дена по пожарот, а има за цел да обезбеди корисни информации за службите на Министерството за инфраструктура и транспорт за справување со последиците од пожарот.