НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

8.000 деца седат дома, поради недоволен број градинки

0
By Нова ТВ on May 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 8.000 деца во Македонија се на листа на чекање за упис во градинка, покажуваат податоците со кои располага Министерството за труд и социјална политика. Младите родители се соочуваат со проблем за упис во градинка и неретко за нивните деца да бидат згрижени чекаат и по една година.

Проблемот се јавува поради недоволниот број градинки или нивните мали капацитети. Тој може да биде надминат со проширување на постојните капацитети, но и изградба на нови.

На крајот на април годинава во 66 државни детски градинки во 55 општини биле згрижени околу 36 илјади деца.

Интенција на државата е да се зголемува опфатот на деца згрижени во детските градинки, особено една година пред да појдат во училиште. За тоа да се реализира, потребно е да се изградат нови, да се прошируваат постојните капацитети, како и да се вработат нови дополнителни негувателки и воспитувачки, нешто што го најавија и од Министерството за труд и социјална политика.

Нови градинки, според најавите, треба да се изградат со пари од Светска банка.

– Со Светска банка, како што неодамна изјави министерот за финансии Драган Тевдовски, се разгледува можноста за идна соработка. Еден од поважните проекти за кои е разговарано е помошта во социјалната сфера во висина од 35 милиони долари за отворање нови градинки и реновирање на постојните.

Од МТСП посочуваат дека во оваа фаза не може да излезат со податок во кои општини ќе се градат градинки со средства од Светска банка од причини што се прават анализи и врз основа  на извештаите – резултатите добиени од анализите и креирање на приоритетна листа согласно бројот на деца и постоечките капацитети ќе се утврди каде има реална потреба за изградба на градинка.

Министерството за труд и социјална политика во рамки на својот буџет за 2018 година има издвоено 41.600.000 денари за изградба, адаптација и опремување на детски градинки.

Планирано е отворање детски градинки во Конче, Пласница, Градско, Кривогаштани, Чешиново – Обелешево, Валандово, Свети Николе во с.Горобинци, Пробиштип, во село Кравари, битолско, во село Марена, кавадаречко, како и во Чучер Сандево.

Исто така, во завршна фаза се и објектите наменети за градинки во  Зрновци, Прилеп, Чашка, Куманово, Велес во село Караслари, Јегуновце во село Прељубиште и Маврово – Ростуше во село Скудриње.

Проблемот со згрижувањето деца е забележлив на територија на град Скопје, каде функционираат 17 јавни установи за деца – детски градинки.

Листи на чекање има во речиси сите општини. Во Кисела Вода на листа на чекање се речиси 900 деца, во општина Аеродром велат дека има 40, додека од општина Карпош тврдат дека немаат листа на чекање.

Директорката на ЈДГ „Весели Цветови“ Валентина Божиновска за МИА вели дека групите во градинките се многубројни и дека капацитетот и нормативот е надминат за 50 проценти.

– На листа на чекање за упис имаме повеќе од 200 деца. Возраста е различна, а и чекањето е околу една година, истакна Божиновска.

Од општината наведуваат дека треба да се изгради нова градинка во населбата Драчево, со што ќе се помогне во делот на згрижување на децата од предучилишна возраст, а и ќе се растовари и капцитетот на постоечките градинки и ќе се намали бројот на деца кои се на листата на чекање.

На територијата на општина Аеродром има две детски градинки „Буба Мара“ со пет клонови (Буба Мара, Пчелка 1, Пчелка 2, Сонце, Лавче, како и Центарот за ран детски развој Слонче) и „Срничка“ со шест објекти (Калинка, Чекорче, Изворче, Бамби, Црвенкапа, Лале).

Во врска со листите на чекање за запишување, од општина Аеродром информираат дека во градинките во Срничка моментално нема листа за чекање, додека во Буба Мара во моментов има 40 деца на листа за чекање.

– Општината почна изградба на нов објект за градинката Буба Мара со осум занимални, а во изминатиот период беше доградена градинката Чекорче. Подготвени се проекти за доградба на два објекти, а во тек е подготовка на изработка на еден проект за доградба и еден проект за изградба на целосно нов објект за детска градинка во населба Мичурин.

Дополнително, се предвидува вцртување на уште една нова градинка во населбата Тодор Чангов.

Во општина Карпош функционираат десет градинки со згрижени 1.994 деца.

– Листа на чекање немаме. Во населеното место Бардовци се гради нова детска градинка со помош на Светска банка и буџетски  средства од општината, а се гради и нов објект – доградба во Тафталиџе 2 придружен на матичниот објект „Мајски цвет“, а догодина ќе се гради комплетно нова градинка во Тафталиџе 1 на улицата Варшавска, каде сега постои стара дотраена градинка, посочуваат од општина Карпош.

Во РМ има вкупно 30 приватни установи за деца, од кои 24 се приватни градинки, а шест се организациски единици и во нив се  опфатени 1.041 дете.

градинки МТСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.