Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откриен напаѓачот на новинарите од А1 ОН, МВР поднесе кривична пријава

0
By Нова ТВ on March 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 9, 2017 14:55

Пријавениот барал од новинарите да се легитимираат, а откако тие одбиле, прво физички го нападнал А.Т. удирајќи го со боксови и клоци во пределот на главата и телото, а В.Ж. бидејќи бил наведнат и ги снимал ливчињата -банкноти добил удар во задниот дел од главата, по што паднал на земја и добил уште еден удар во предел на вратот со нога, по што паднал во бесознание

Единицата за насилен криминал денеска поднела кривична пријава против М.К. (37) од Скопје, осомничен за тепањето на новинарите на електронскиот медиум „А1 ОН“, пред портата „Македонија“ на протестот на „За заедничка Македонија“ кој се одржа на 27 минатиот месец, соопштија од МВР.

„Во моментот кога од пред Собранието на Република Македонија, оштетените тргнале кон нивната редакција која се наоѓа во близина на плоштад „Македонија“, пред „Порта Македонија“ забележале повеќе лица како од „Порта Македонија“ фрлаат  ливчиња кои биле во форма на банкноти и на истите имало текст на македонски и албански јазик, по што одлучиле да го документираат настанот. Во моментот кога почнале да снимаат им пришол М.К. со уште едно непознато машко лице и од нив побарале да се легитимираат, на што оштетените одбиле притоа кажувајќи им дека немаат потреба да им се легитимираат ним бидејќи тие не се службени лица. Незадоволен од реакцијата на новинарите пријавениот прво физички го нападнал А.Т. удирајќи го со боксови и клоци во пределот на главата и телото, а В.Ж. бидејќи бил наведнат и ги снимал ливчињата -банкноти добил удар во задниот дел од главата, по што паднал на земја и добил уште еден удар во предел на вратот со нога, по што паднал во бесознание. А.Т. во тој момент повикал помош и во истиот момент пришле униформирани полициски службеници кои веднаш почнале да го бркаат пријавениот и другото непознато лице, кои избегале кон ГТЦ“, пишува во соопштението на МВР.

Како што велат од МВР, осомничениот М.К. е познат сторител на имотни деликти и нарушител на јавниот ред и мир.

Кривична пријава новинари протест тепач тепачка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.