НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нема платформи или декларации, туку програма на новата влада

0
By Влатко Чаловски on March 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешниот исказ во Основното јавно обвинителство, за предистражната постапка на институцијата раководена од Марко Зврлевски, говореше и за актуелната политичка ситуација, очекувањето на мандатот од претседателот Иванов како и составувањето на новата влада.

Одговарајќи на новинарско прашање, за тоа до кога може да се очекува нова влада, Заев вели работите не зависат само од него, туку од сите политичари заедно.

– Јас би сакал и на 20, на 21, на 22, дури и порано од тоа да има влада Република Македонија, но секако тоа прво значи закажување на седницата, избор на претседател на Собранието, допис до господинот Иванов, негова одлука кога ќе го даде мандатот. Јас, верувајте, како потенцијален мандатор, нема да дозволам да се трошат 20 дена за преговори за нова Влада. Ќе гледам максимално можно, доколку го добијам мандатот, да ги скратам сите овие рокови, потенцираше Заев.

Според него, Претседателот на државата, поради две неразумни причини за недоделување на мандатот ги измести сите процеси коишто треба да течат во нормален тек.

– Со целосно право, како човек и партија позади коишто стојат 67 потписи на пратеници, имам право да очекувам да биде доделен мандат за да направиме обид да формираме Влада. Можеби нема да успееме, но господинот Иванов одлучи тоа право да не го дозволи, објаснувајќи преку две причини. Мудроста, присебноста и толеранцијата не ставија во позиција да имаме разбирање, дури и кога се неразумни ваквите причини којшто ни се дадени. Гледате дека презентиравме програма на новата Влада, за да докажеме дека нема веќе појдовни основи, програми на политички партии, платформи, декларации или изјави, туку има ништо повеќе, ништо помалку – програма на идната Влада на Република Македонија, којашто во својата преамбула има заштита и унапредување на унитарноста на државата, уставниот поредок на Република Македонија, и нашите приоритетни цели, ЕУ и НАТО, рече Заев.

Коментирајќи ја неодамнешната изјава на Зијадин Села околу која се разбрани јавноста, лидерот на СДСМ потенцираше дека секогаш изразува негодување за изјави провоцираат одреден немир кај граѓаните, без разлика од која страна доаѓа.

– Јас сум политичар кој верува дека на Македонија и треба процес кој ќе доведе до нормализирање на состојбите и симнување на сите грижи кои ги имаат граѓаните, а со тоа секако и да ја дефинираме иднината на Македонија. Можам да апелирам до сите да внимаваат на изјавите, затоа што и така времето во кое живееме е економски тешко, неизвесност има кај секое семејство кај секој граѓанин и дополнителни провокации не му требаат никому. Ние сме граѓани на оваа наша земја. Можеби припаѓаме на различни етнички заедници во Македонија, но токму ние мора да водиме грижа за Република Македонија, рече Заев.

Влада Зоран Заев Платформи програми Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.