НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Со “албанофобијата“ што ја шири ВМРО-ДПМНЕ нема иднина

0
By Нова ТВ on March 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека доколку одат на избори ќе изгубат, бидејќи никој не може да го толерира нивното дрско и безобразно однесување, несакајќи едноставно да ја предадат власта.

– Тоа не може да го сфати ниту еден разумен човек, ниту еден демократ надвор од државата. Мнозинството во парламентот е декларирано и треба да се направи брз и демократски трансфер на власта. Ако се оди на избори тие ќе изгубат и ние би имале неколку пратеници повеќе и Ѓорге Иванов може повторно да не го даде мандатот. Теоретски, да претпоставиме, да добие Никола Груевски 62 пратеника, со која албанска партија ќе склучи коалиција? Тој имаше 62 пратеника па ДУИ пак беше во коалиција. Апсолутно, сето ова кажува дека човекот си игра со чувствата на граѓаните на Македонија и со Република Македонија, вели Заев.

Тој уште еднаш повтори дека нема повеќе ни Тирански платформи, ни платформи на ДУИ на Беса, на Алијанса, на СДСМ, туку програма на идна влада на Македонија која во својата преамбула го има зацврстувањето на унитарноста на Македонија, строго почитување на Уставот и патот кон ЕУ и НАТО.

– Во таа програма 80% се реформи и тоа што ја очекува Македонија и тоа што од нас го очекуваат граѓаните. Но, тука е и економијата и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани, изјави претседателот на СДСМ.

На новинарско прашање дали оценува дека СДСМ ја има поддршката од албанските партии, Заев одговара деја тие се политичка опција со најголема доверба од граѓаните и огромен процент на доверба и од Албанците во Македонија.

– Ние се гордееме со оваа работа. Веруваме во овој концепт на едно општество за сите, тоа е иднината на Македонија. Единство значи унитарност. Како поинаку да го кажам за некој да го сфати дека само заедно сплотени можеме да ја јакнеме унитарноста на нашето општество и нашата држава, а секако тоа да ни биде една позитивна можност да одиме напред. Тоа е иднината на Македонија, потенцира тој.

Тој тврди дека со “албанофобијата“ којашто ја шири ВМРО-ДПМНЕ со погрдни зборови, Македонија нема иднина.

Албанци Влада Заев парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.