Во интервју за италијанската државна телевизија, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ЕУ има направено многу грешки, но веќе дошло времето во кое тие ќе бидат поправени.
„Мислам дека ние од далеку не се справивме добро со сѐ. И она што остана прогрес е крајно време да биде завршено сега. Имаме идеална основа да го сториме тоа“, рече Меркел. Таа појасни дека меѓу грешките кои европската заедница ги направила се „отворањето на надворешните граници, но не и нивно засилување“, како и недостатокот на подготвеност од страна на Унијата за финансиската криза при воведувањето на единствена валута.
Меѓу грешките на европските политичари таа ја посочува миграциската и економската политика.
“Ги отворивме надворешните граници, ние не мислевме за зајакнување на внатрешните граници. А кога создадовме единствената валута, не ја направивме способна да издржи кризи. Сега сепак создаваме банкарска унија и механизми за стабилизација. Важно е дека сè треба да се прави во атмосфера на солидарност “, вели Меркел.
Таа додава дека Европа може да достигне до единствено решение за миграциските проблеми. Покрај тоа, требао да се направи така што луѓето да не ги напуштаат своите земји.
“Треба да гарантираме услови кои ќе ги натера луѓето да не бегаат, да решаваме кризи, како онаа во Сирија, и тоа да го правиме сето заедно”, вели таа.
Сојузниот канцелар е во Рим, по повод празничните настани поврзани со 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, кој го означи почетокот на Заедницата.