Скопје вчеравечер беше дел од глобалната акција „Часот на планетата Земја 2017“ и во времетраење од еден час го исклучи осветлувањето на неколку објекти и локации во центарот на градот.
Во периодот од 20:30 до 21:30 часот во темнина беа плоштадот „Македонија“ со спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, Мостот „Око“ и Мостот на уметноста.
Поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја 2017“ ширум светот со симболично исклучување на светилките во времетраење од еден час испратија силна порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.
Оваа светска манифестација е поддржана од организацијата WWF и се спроведува во 170 држави ширум светот.