Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грабеж на „Картие“ во Монте Карло, арамиите подметнаа и пожар

0
By Нова ТВ on March 26, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 26, 2017 11:46

Тројца разбојници вчера во Монте Карло ја ограбија златарата „Картие“, а потоа за да и го отргнат вниманието на полицијата, подметнаа пожар во тунел кој се користи во трка за „Формула 1“ и во најголемиот град во Монако имаше вистинска вонредна состојба.

Набрзо по грабежот еден од арамиите е уапсен и кај него е пронајден дел од пленот, додека по другите двајца се уште се трага, пренесуваат француските медиуми, кои напоменуваат дека во овој инцидент немало престрелка, ни повредени, ни заложници.

Сепак, некои светски медиуми јавија дека имало пукање и полицијата ранила еден од разбојниците.

Нападот е извршен околу 15.40 часот на плоштадот Казино, во центарот на луксузниот кварт Монте Карло, а туристите и купувачите цело попладне мораа да го поминат во казино или околните бутици.

Тој дел од градот веднаш беше блокиран од полицијата во обид да ги најдат разбојниците од кои најмалку еден бил вооружен, соопшти обвинителството.

Обвинителството додаде и дека другите двајца крадци кои избегаа ги чекал соучесник со автомобил, а подоцна полицијата го нашла автомобилот запален.

Вработените на златарата не биле повредени, но биле вознемирени и исплашени.

Локалните власти засега не прецизираат колкава е вредноста на пленот, како ни околностите за овој спектакуларен грабеж.

Познатата златара „Картие“ веќе еднаш беше ограбена на Азурната обала во мај 2015, неколку дена во очи на почетокот на филмскиот фестивал во Кан, кога крадците однеле накит и часовници во вредност од 17,5 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=SBUqFlN43Lk

грабеж Картие Монте Карло
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.