НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија му пресуди: Дени Блинд доби отказ по враќањето од Софија

0
By Нова ТВ on March 26, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дени Блинд (55) доби отказ по враќањето од Софија каде Холандија, синоќа, загуби од Бугарија со 2:0 во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година. „Лалињата“ по поразот паднаа на четвртото место во групата А и западнаа во неприлика повторно да останат без учество на големо фудбалско натпреварување по ЕП 2016. Оттука и експресната одлука на холандскиот фудбалски сојуз (КНВБ) чии челници ја лоцираа вината во селекторот.

Забелешките за Блинд, меѓудругото, се однесуваат на определбата да заигра со 17 годишниот дефанзивец Матијс де Лигт кој има само неколку сениорски настапи за Ајакс. Тој беше директно задолжен за Спас Делев, двојниот стрелец за Бугарите на „Васил Левски“. Блинд по мечот наласи дека не помислува на оставка туку дека се фокусира на пријателскиот меч со Италија во вторник што, сепак, ќе мора да го гледа од трибините по реакцијата на Сојузот.

Поранешниот тренер на Ајакс ја презеде репрезентацијата на 1 јули во 2015 година и под негово водство Холандија, за првпат по 1984 година, не настапи на Европското првенство што лани се одржа во Франција. Уште по елиминацијата од завршниот турнир Блинд беше пред отказ, но „преживеа“ и доби нова цел – СП 2018. Меѓутоа во КНВБ не сакаат нов „луксуз“, па решија со време да стават крај на соработката додека не биде предоцна.

По пет одиграни натпревари во квалификациите за СП 2018, Холандија е четврта во А конкуренцијата со седум бода. Лидер е Франција со 13 пред Шведска со 10 и Бугарија со 9 бода.

Дени Блинд квалификации за СП 2018 отказ репрезентација фудбал Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.