НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џозеф Дол: Борба против корупцијата во балканските политички партии

0
By Нова ТВ on March 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џозеф Дол е загрижен поради корупцијата и зависното судство на Балканот и најави борба во наредните месеци против овој феномен кој цути во многу земји околу ЕУ.

Претседателот на Европската народна партија (ЕНП) во која како придружен член се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ денес од Конгресот на партијата на Малта изјави:

“Она што се случува околу нас, на Балканот и земјите каде судството не е независно и каде што не може да се нападне корупцијата, е тука јас сум загрижен. Наша етичка задача е ова досие да го отвориме во нашите партии. Судството треба да функционира и да работи.

Во наредните месеци ќе работиме на етиката во нашите партии. Верувајте не е лесно но тоа мора да се направи. Независно судство мора да има во земјите околу ЕУ. На Балканот и во други земји мораме да работиме. Ако не успееме да го менаџираме ова досие, во овие земји нема да има инвестиции и младите нема да сакаат да останат во тие земји”, изјави Дол и најави дека оваа тема и официјално ќе ја отвори денес попладне пред лидерите и шефовите на држави и влади од ЕНП кои доаѓаат од земјите членки на ЕУ но и од балкански земји.

На Конгресот на Малта учествуваат и премиерот Емил Димитриевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Дол зборуваше за својот личен пример кога бил под истрага на судството во неговата земја Франција:

“Во Франција, кога има корупција независното судство е задолжено за тоа. Можам за тоа да зборувам затоа што бев под истрага. Имав тотална доверба во судството. Јас и моето семејство минавме низ тежок период. Пет години подоцна ништо не најдоа. Таму каде што има независно судство и правна држава кои се борат против корупцијата – да го оставиме судството да работи”, изјав Дол.

Овие зборови на Дол ја потврдуваат изјавата на германскиот европски пратеник Кнут Флекенштајн од социјалистичката група на Европскиот парламент кој рече дека сите во Македонија треба да знаат дека никој во ЕУ  и во ЕНП не ја поддржува политиката на Никола Груевски.

Зборувајќи за Македонија тој вчера во Брисел изјави:

“Сите политички групи треба да критикуваат, повеќе отколку што тоа го правевме досега. За нас социјалистите сега е полесно да критикуваме бидејќи “лошите момци” се од другата страна. Беше поинаку пред неколку години. Критикуваме но зад затворени врати. Јас знам што мислат Дол, Кукан, Макалистер (зн: претседател на ЕНП групата во ЕП) но тоа останува зад затворени врати. Треба да бидеме погласни и да разговараме отворено со пријателите. Демократијата е оштетена”, изајви тој.

Во Македонија, вели германскиот пратеник, не се работи за левица или десница, туку „за демократија – да или не“.

„Јасно е дека гласачите го кажаа своето, и оние што се договорија да формираат влада треба да добијат  шанса да владеат. Многу е едноставно“, рече Флекенштајн.

 

 

 

ЕНП Конгрес Корупција Малта Џозеф Дол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.