Некогаш беше четврти светски рекет меѓу дамите, денеска е на 658 позиција на ВТА ранг листата. Има 46 години, паузираше една цела поради повреда, но упорна е, посветена, заљубена е во она што најдобро го работела во животот, а возраста не е пречка да продолжи да игра тенис.
Кимико Дате Крум планира враќање на терените и тоа многу скоро. Јапонската ветеранка ќе игра во егзибиски меч на 12 април со сонародничката Нао Хибино, а од 1 до 7 мај ќе учествува и на турнир во Гифу.
Дате Крум трипати играше во полуфинале на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон низ кариерата во која има и осум ВТА трофеи.