Тројца луѓе попладнево се повредени во напад пред Конзулатот на Турција во Брисел.
Инцидентот се случил кога државјани на Турција чекале да гласаат на референдум за проширување на овластувањата на турскиот претседател.
Медиумите во Белгија јавуваат дека приврзаници на турскиот претседател Ердоган ги нападнале симпатизерите на опозицијата.
Дел од светските медиуми јавуваат дека повредените се Курди. Портпаролот на полицијата изјавил дека засега нема информации за бројот на повредени, ниту пак за тежината на нивните повреди.