Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието на денешното продолжение го исклучи микрофонот на пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, додека таа говореше за неуспесите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството.
Тој побара од службите да биде исклучен микрофонот и да го стопираат времето. Вељаноски на Шахпаска и објаснуваше дека нејзиниот говор не бил процедурален бидејќи не зборела за процедурата.