Трофејот во францускиот Лига куп останува во витрините на ПСЖ. „Светците“ во финалето на годинашното издание го совладаа Монако со 4:1 за освојување на натпреварувањето по седми пат, четврти во низа.
Бранителот на титулата поведе уште во четвртата минута со погодокот на Јулијан Дракслер по додавање на Анхел ди Марија. Во финишот на полувремето, поточно во 44 минута двајцата фудбалери ги заменија улогите, па Германецот возврати со финален пас што Аргентинецот го круниса со втора реализација за екипата на ПСЖ која на одмор замина со 2:1. Во меѓувреме израмни Лемар во 27 минута.
Победата на составот на Унаи Емери ја завери Уругваецот Единсон Кавани со голови во 54 минута, по центаршут на Марко Верати, и во 90. по нова асистенција на Ди Марија.
Франција, Лига куп, Финале
Монако – ПСЖ 1:4