Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија го усвои законот со кој ќе го затвори Универзитетот на Сорос

4
By Нова ТВ on April 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 4, 2017 20:54

Унгарија го усвои законот со кој би можело да дојде до затворање на Универзитетот на Средна Европа, кој во 1991 година во Будимпешта го основаше американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Новиот закон, претставен на 28 март во парламентот, е усвоен по брза постапка со 123 гласа „ЗА“ и 38 „ПРОТИВ“.

Со законот се предвидува одземање на дозволата на странски образовни институции кои, освен во Унгарија, не располагаат располагаат со кампус во земјата на потекло. Универзитетот кој делува само во Будимпешта е единствен кој нема кампус на друго место.

Одредбата од законот посебно се однесува на ЦЕУ, образовна институција основана во Унгарија набрзо по падот на комунизмот, која промовира добро владеење, траен развој и општестена преобразба.

Орбан, жесток критичар на либералните цивилни организации кој ги финансира Сорос, го обвини Универзитетот дека го „измамува“ унгарскиот закон.

Обраќајќи се во парламентот пред гласањето, министерот за човечки потенцијал, рече дека институциите кои ги поддржува Сорос настојуваат да ја поткопаат унгарската влада избегнувајќи ги демократските правила.

Во неделата околу 10.000 луѓе протестираа во знак на поддршка на установата, а најавени се и нови протести. ЦЕУ има 1.800 запишани студенти од 100 земји. Се вбројува меѓу 50 најдобри универзитети за политички науки во светот, според критериумите на World University Rankings.

Повеќе од 900 универзитети ширум светот, меѓу кои 18 добитници на Нобелова награда, ја потпишаа петицијата со која се бараше повлекување на законот, што ја поддржа и Вашингтон.

Виктор Орбан Унгарија Универзитет Џорџ Сорос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.