ОН започнаа истрага за нападот со хемиско оружје во Сирија, во провинцијата Идлиб каде загинаа најмалку 58 луѓе меѓу кои и деца. Од Светската здравствена организација велат дека нападот со хемиско оружје било слично како со нервен гас.
„Во некои случаи симптомите се слични како и кај изложеност на органофосфорни хемикалии, во чија категорија се вклучува и нервниот гас.“ – вели СЗО.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини упати апел до меѓународната заедница за итни мировни преговои за Сирија.
„Хемиското оружје претставува најлошо за воените злосторства и кој и да е одговорен за нападот,мора да сноси одговороност.“ – изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
САД, Велика Британија и Франција го осудија ваквиот чин и побараа итна истрага. Од друга страна германската влада обвини дека Русија и Иран имаат одговорност за вчершниот хемиски напад кој наводно е сторен од страна на силите под контрола на претседателот Башар Ал Асад.