Луис Хамилтон ќе стартува од првото место и во утрешната трка за ГН на Кина. Шестата пол-позиција во низа, втора во оваа сезона, Британецот ја обезбеди со време од 1:31,678 минути во официјалните квалификации. За пилотот на Мерцедес оваа е вкупно 63 во кариерата и се доближи на само две од рекордот на Аиртон Сена.
Од второто место во Шангај, како во Мелбурн, ќе тргне Себастијан Фетел кој задоцни 0,186 стотинки зад Хамилтон, од трет најдобар резултат имаше Валтери Ботас (+ 0,187 стотинки). Вториот ред го дополни Кими Раиконен.
Во грб на Финците на стартот ќе бидат Австралиецот Даниел Рикардо на Ред Бул и Бразилецот Фелипе Маса. Најдобрите 10 во квалификациите ги заокружија Нико Хулкенберг (Рено), Серхио Перез (Форс Индија), Данил Квјат (Тро Росо) и Ленс Строл (Вилијамс).
Трката за ГН на Кина е утре претпладне со почеток во 08 часот по средноевропско време.