СДСМ во денешната реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски наведува дека тој „мора да прифати дека постои ново парламентарно мнозинство кое е во процес на формирање на новата реформска Влада според мнозинската воља на граѓаните, мора да се помири дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, а тој повеќе од една година не е премиер“.
СДСМ посочува дека се лажни тврдењата за наводни дестабилизации, федерализации, и оти тоа нема да ја смени реалноста.
– Груевски што и да направи, не може да се наметне како фактор, затоа што неговото време во политиката заврши. Постои демократски формирано мнозинство од 67 народни избраници. Постои само еден документ што и е достапен на целата домашна и меѓународна јавност.
Според СДСМ, лидерот и раководството на ВМРО-ДПМНЕ „не смеaт да поттикнуваат насилство врз мнозинството од граѓаните и парламентарното мнозинство, поради заштита од одговорност за своите криминали“.
– Брзо ќе има нов претседател на Собранието и нова реформска Влада на граѓаните на Р.Македонија формирана според Деловникот на Собранието, Уставот и законите на Република Македонија, стои во соопштението од СДСМ.