Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УПОЗ и ЗСА: Караџоски ја излажа судската администрација

0
By Нова ТВ on April 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 13, 2017 14:27

Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани  (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА), тврдат дека вработените во судовите се излажани од претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски, бидејќи тие не го добиле ветеното покачување на платата од 10 отсто, ниту пак ја примиле мартовската плата.

Синдикатот реагира на „неодговорниот однос на претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, поради чие неодговорно однесување и политиканство, вработените во судовите не само што не го добија ветеното зголемување од 10% туку ги остави и без плата пред најголемиот христијански празник, Велигден“, пишуваат синдикалците во соопштението.

Синдикатот на УПОЗ бара да престане неодговорниот однос кон вработените во судовите од страна на Претседателот на Судскиот буџетски совет и одговорните лица во Министерството за финансии.

-Бараме одговор зошто доколку во буџетот на Р. Македонија не биле предвидени средства за исплата на зголемувањето на плата во висина од 10 отсто на сите вработени во судовите им се поделија решенија за утврдување на работна успешност за месец март во висина од 10 отсто на основната плата, се наведува во реакцијата на УПОЗ и ЗСА.

Членовите на Судскиот совет на итна седница пред крајот на март донесоа нов Правилник за додатоците на плата на судиите. Со него судиите, но и судската администрација треба да добијат повисоки мартовски плати за 10%. Претседателот на судскиот совет, Зоран Караџоски, по итната седница изјави дека брзале поради тоа што било крај на месецот, за да се завршат пресметките и мартовската плата која се исплаќа до 15 април да биде повисока.

Караџоски тврдеше дека е оправдан револтот кај судиите кога дознале дека јавните обвинители и јавнообвинителските службеници зеле повисока февруараска плата за 20%. Тој се повика на Законот за платите на судиите од декември, 2015 година, во кој платите на судиите и обвинителите предвидува зголемување за 35%, но тие пари никогаш не легнале на контото на судиите.

Зоран Караџоски ЗСА судска администрација УПОЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.