Еден шпански научен центар за истражување откри ларва која е способна за многу кусо време да изеде полиетилен, отпорна пластична материја која се користи за амбалажа во целиот свет. Ларвата јаде полиетиленска кеса за еден час.
Луѓето ја фрлаат оваа пластична материја насекаде низ природата, океаните, морињата и езерата и таа прави огромна штета во животната околина и живите видови.
“Пластичниот отпад е светски проблем за животната околина, особено полиетиленот кој е многу отпорен”, вели Федерика Берточини од шпанскиот Национален центар за истражување, автор на ова откритие. Ларвата го носи латинското име Galleria mellonella, а пеперутката на оваа ларва е многу распространета.
Секоја година 80 милиони тони на полиетилен се произведуваат во светот, велат научниците.
Ларвата се одгледува како мамка за риби а во дива состојба таа е паразит кој се наоѓа во восокот на пчелите. Берточини е истовремено и пчелар и забележала дека пластичните кеси во кои го ставала восокот многу брзо биле скинати и полни со дупки.
Истражување е направено и во супермаркет во Велика Британија каде што пластичните кеси биле оставени на ларвите кои успевале да ја уништат пластиката за помалку од еден час.
Ова откритие е голема надеж за сите кои бараат начин да се справат со акумулирањето на оваа пластика во природата.