Валтери Ботас (27) ја оствари првата победа во кариерата во Формула 1 шампионатот. Финскиот пилот на Мерцедес беше најбрз на патеката во олимписко Сочи во трката за ГН на Русија. Тој оствари за нешто повеќе од една секунда подобро време од Себастијан Фетел на второто место, третото место на подиумот го резервира сонародникот на Ботас, Кими Раиконен.
Ботас го претекна двоецот на Ферари во раната фаза на трката и преземното водство го задржа до крајот за најголем успех во неговата кариера. Финецот од Настола по 11 пат се најде на победничкиот пиедестал, а само еднаш досега стартуваше од пол позицијата.
За одбележување е лошиот настап на Луис Хамилтон. Британецот мораше да се задоволи со четвртото место, но лоши изданија имаше и во слободните тренинзи и на официјалните квалификации.
Формула 1 шампионатот продолжува со трката за ГН на Шпанија на 14 мај.
Резултати од трката за ГН на Русија
Валтери Ботас (Мерцедес/Финска) 1:28:08,743 часа
Себастијан Фетел (Ферари/Германија) + 0,617 сек.
Кими Раиконен (Ферари/Финска) + 11 сек.
Луис Хамилтон (Мерцедес/В. Британија) + 36,320 сек.
Макс Ферстапен (Ред Бул/Белгија) + 60,416 сек.
Серхио Перез (Форс Индија/Мексико) + 86,788 сек.
Естебан Окон (Форс Индија/Франција) + 95,004 сек.
Нико Хулкенберг (Рено/Германија) + 96,188 сек.
Фелипе Маса (Вилијамс Мерцедес/Бразил) + 1 круг
Карлос Сајнц Јр. (Торо Росо/Шпанија) + 1 круг, итн.
Пласман кај возачи
Себастијан Фетел 86 бода
Луис Хамилтон 73
Валтери Ботас 63
Кими Раиконен 49
Макс Ферстапен 35
Даниел Рикардо 22
Серхио Перез 22
Фелипе Маса 18
Карлос Сајнц Јр. 11
Естебан Окон 9, итн.
Пласман кај конструктори
Мерцедес 136 бода
Ферари 135
Ред Бул 57
Форс Индија 31
Вилијамс Мерцедес 18
Торо Росо 13
Хас 8
Рено 6
Заубер 0
Мекларен 0