Изборната комисија во Албанија го продолжи рокот за пријавување на кандидати за претстојните парламентарни избори во надеж дека опозицијата сепак ќе одлучи да учествува.
Централната изборна комисија наведе денеска дека политичките партии имаат рок до 3. мај да ги регистрираат кадидатите за изборите закажани за 18. јуни.
Коалицијата на опозициските партии не пријави ниту еден кандидат до ноќеска на полноќ кога истече рокот за пријава.
Опозицијата ја бојкотира работата на парламентот од февруари, барајќи оставка на премиерот, Еди Рама, пред изборите во јуни, бидејќи смета дека неговиот кабинет би можел да манипулира на изборите.
Од средината на февруари, приврзаниците на опозицијата го блокираат главниот булевар во Тирана со шатор поставен пред канцеларијата на Еди Рама.