НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, квалификации за ЕП 2018: Македонија со шести пораз на Исланд

0
By Нова ТВ on May 8, 2017 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Исланд ја совлада Македонија со 30:29 (16:16) во четвртото квалификациско коло за пласман на Европското ракометно првенство во Хрватска во 2018 година и од дното го презеде врвот на табелата во групата 4. Реваншот во Рејкјавик имаше сличности што на крајот беа во прилог на домашната селекција. Македонија и во „Лаугардалсхол“ почна одлично како и во СЦ „Борис Трајковски“. Кон средината на првиот дел имаше водство со три гола во два наврата (9:6 и 10:7) и игра што ветуваше прекинување на непријатната традиција од пет порази во исто толку гостувања досега на далечниот континентален север. Но, се случи и шестиот.

Исланѓаните наметнаа свој ритам, постојано имаа предност што на моменти во продолжението изнесуваше и четири гола разлика. Македонија, сепак, не загуби глава и постојано му дишеше во врат на противникот и успеа да го внесе мечот во неизвесен финиш. Меѓутоа не и да го сврти резултатот, а ривалот умешно ја сочува гол предноста за која ја „грицкаше“ последната минута од мечот.

Најефикасен на натпреварот беше Кире Лазаров со осум гола, Манаков додаде 7  колку и Гудмундсон за Исланд, репрезентација во која се истакна и Карасон со шест реализации.

Сите четири селекции во групата 4 сега имаат по две победи и два пораза пред последните две. „Црвено-жолтите“ во претпоседното  коло, на 14 јуни, ги очекува уште едно гостување во Украина пред средбата со Чешка четири дена подоцна во Скопје.

Исланд – Македонија 30:29 (16:16)

Сала: „Лаугардалсхол“ во Рејкјавик. Гледачи: 1.750. Судии: Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис (двајцата од Летонија).

Исланд: Густавсон 2, Нилсен, Кристјансон, Палмарсон 3, Карасон 6, Халгримсон 2, Атласон, Сигурдсон 3, Гудмундсон 7, А. Гунарсон 3, Арнарсон 3, Елисон 1, Б. Гунарсон, Сигурбјерсон, Магнусон, Смарасон. Селектор: Геир Свеинсон.

Седмерци: 1/3. Исклучувања: 8 минути.

Македонија: Митревски, Ристовски 1, Манасков 7, Стоилов 3, К. Лазаров 8, Митков, Талески, Миркуловски 6, В. Маркоски, Н. Маркоски, Георгиевски 1, Ф. Лазаров 3, Ојлески, Кузмановски, Нелоски, Пешевски. Селектор: Раул Гонзалез.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 10 минути.

Квалификации за ЕП 2018 – Група 4

Резултати, 4. коло

Исланд – Македонија 30:29

Чешка – Украина 32:25

Табела: Исланд 4, Македонија 4, Чешка 4, Украина 4.

Идно коло: Чешка – Исланд (14 јуни), Украина – Македонија (15 јуни)

 

 

Исланд Квалификации за ЕП 2018 Македонија ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.