Претседателот на Собранието, Талат Џафери во својот кабинет утре свика координација помеѓу пратеничките групи за договор околу завршувањето на мандатот на локалната власт и распишување на локалните избори.
Собранието најпрво би требало да одржи седница на која ќе се донесат измени на Изборниот закон, за да се овозможи продолжување на мандатот на градоначалниците и на советниците, а потоа и договор за датум за локалните избори.
Вчера во Собранието се одржа неформална, консултативна средба на претставници на парламентарните партии за која нема никакви официјални информации како завршила.
Оваа координација и решавање на ситуацијата е итна, ако се знае дека мандатот на градоначалниците и советниците истекува утре.
ВМРО-ДПМНЕ предложи локални избори во јули, септември или октомври. СДСМ, пак, вели дека прво претседателот Ѓорге Иванов мора да му го даде мандатот за состав на нова влада на Зоран Заев, да се формира владата, па дури потоа да се оди на локални избори.