Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет: Петта титула за ЖРК Вардар во Купот на Македонија

0
By Нова ТВ on May 20, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 20, 2017 15:46

Финалето во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција беше далеку од сензација. Тимот на ЖРК Вардар ја оправда апсолутната фаворитска улога што ја има во домашната сцена во изминатите неколку сезони и преку во финалето Металург го освои петтиот трофеј во натпреварувањето.

Европскиот вицешампион го доби еднонасочниот натпревар во салата во Автокоманда со 45:19 (полувреме 21:10) без притоа да дозволи ниту најмала можност за изненадување. Резултатот сам по себе доволно говори за односот на силите на теренот иако „црвено-црните“ запишаа 11 ракометарки во протоколот.

Најефикасна вардарка беше Французинката Александра Лакрабер со 12 гола, седум постигна македонската репрезентаативка Сара Ристовска. Дабевска со четири погодоци беше лидер на стрелците во поразената екипа.

На пласманот во финалето на ЖРК Вардар претходеше и најубедлива победа во клупската историја. „Црвено-црните“ во полуфиналето триумфираа над Гевгелија со 40 гола разлика (56:16).

Покрај победничкиот пехар, вардарки со уште две индивидуални признанија. Александра Лакрабер е прогласена за најдобра ракометарка на завршниот турнир, Сара Ристовска со вкупно 24 гола е најдобар стрелец додека наградата за најдобар голман заврши за Матеја Серафимова од ЖРК Металург.

ЖРК Вардар Куп на Македонија ракомет финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.