НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осомничениот Сеад Кочан ќе се брани од слобода, жалбата на СЈО одбиена

0
By Нова ТВ on May 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кривичниот совет денес донесе ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и го потврди решението на судијата на претходна постапка кој не го прифати предлогот на СЈО за притвор на Кочан. Така, осомничениот бизнисмен Сеад Кочан останува на слобода.

Сеад Кочан е првоосомничен во случајот „Труст“ што го отвори СЈО. Кочан даде гаранција од 900.000 евра за да може да се брани од слобода а рокот за жалба тече.

Обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро на денешното рочиште ги изнеле аргументите дека постојат индиции Кочан да го повтори делото. За нив високата парична гаранција и одземениот пасош не се доволна гаранција.

Можно е СЈО повторно да побара притвор. Бубевски, пред да влезе на расправата изјави дека доколку Кривичен ја одбие жалбата тоа е конечна одлука, но бидејќи се работи за процесни одлуки и ако постојат нови причини можат повторно да предложат мерка притвор.

Одбраната на Кочан смета дека висината на гаранцијата е доказ дека осомничениот нема да го повтори делото.  Адвокатот на Кочан, Никола Додевски не разбира зошто СЈО инсистира на притвор. Тој рече дека ова е „најголема гаранција дадена за некој случај“ и дека „во правната наука, на пример во САД, ако се даде толку голема гаранција, а некој да бара притвор и повлекување на гаранцијата само за да го претвори притворот во казна не е сфатливо“.

Бирото за јавни набавки во четвртокот на 18 мај објави дека компанијата на Сеад Кочан „Трансмет“, чии што сметки се блокирани на барање на СЈО, повторно добила тендер кај ЕЛЕМ.

Кочан излезе од болница каде му беше вграден стент и сега се наоѓа дома, на слобода, откако повеќе од два месеци беше надвор од државата.

притвор Сеад Кочан СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.