Првиот човек на Алијансата на Албанците, Зијадин Села денеска за прв пат ќе се појави во јавноста на прес-конференција откако беше претепан на 27.април за време на насилното влегување во Собранието на демонстранти.
Пресот на Села ќе се одржи во партиските простории во Тетово.
Зијадин Села беше крвнички претепан на крвавиот четврток кога беа нападнати пратениците од парламентарното мнозинство и дел од новинарите. Тој беше влечен низ собраниските ходници, а заврши со повреди на мозокот и скршеници.
Идентификуваните насилници добија 30-дневен притвор и се обвинети за обид за убиство.