Екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје денеска по обилните врнежи од дожд интервенирале на повеќе локации во градот, информираа од Град Скопје.
Како што велат од Штабот за заштита и спасување поплави имало во општините Бутел, Карпош и Ѓорче Петров.
„На терен интервенираа поголем број на екипи на штабот за заштита и спасување на Град Скопје, каде со возила и пумпи во повеќе поплавени објекти интервенираа екипи на Противпожарната бригада на Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, пишува во соопштението.
Од Градот информираа и дека во наредниов период штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира.