Лина Ѓорческа поведе со 1:0 против Кирине Лемон во првото коло во квалификациите за Ролан Гарос. Најдобрата македонска тенисерка го зададе решавачкиот удар во осмиот гем. Направи брејк што во наредниот успеа и да го потврди и по половина час игра да дојде до предност во дуелот со Холанѓанката.
Ѓорческа во воведниот сет загуби два гема на сопствен сервис, но освои три на противнички за обезбедување на психолошка стабилност за вториот што е во тек.