На Жозе Мурињо му падна камен од срце. Манчестер јунајтед го совлада Ајакс со 2:0 во финалето во Лига Европа и обезбеди право на учество во Лигата на шампиони во сезоната 2017/18. Стрелци за „црвените ѓаволи“ на „Френдс арена“ во Стокхолм вечерва беа Французинот Пол Погба во 18 минута по асистенција на Фелаини и Ерменецот Хенрик Мкитарјан во 48 минута по додавање на Крис Смолинг.
За премиерлигашот ова е прва титула во Лига Европа, втора во сезоната по триумфот и во англискиот Лига Куп. Манчестер јунајтед на 8 август ќе истрча на „Телеком арена“ во Скопје во европскиот Суперкуп на УЕФА. Ривалот ќе биде познат на 3 јуни во Кардиф кога ќе се одигра финалето и во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Јувентус.
Ајакс – Манчестер Ј. 0:2 (0:1)
Стадион: „Френдс арена“ во Стокхолм. Гледачи: 46,961. Главен судија: Дамир Скомина. Асистенти: Јуре Прапротник и Роберт Вукан (сите од Словенија). Жолти картони: Велтман, Ридевалд, Јунес (Ајакс); Мата, Мкитарјан, Фелаини (Манчестер Ј.). Стрелци: Погба 18′, Мкитарјан 48′ за Манчестер Ј.
Ајакс (формација 4-3-3): Онана – Ридевалд (Де Јонг 82′), Де Лигт, Санчез, Велтман – Зијех, Шене (Ван де Бек 70′), Класен – Јунес, Траоре, Долберг (Нерес 62′). Менаџер: Петер Бос.
Манчестер Ј. (формација 4-1-4-1): Ромеро – Дармијан, Блинг, Смолинг, Валенсија – Ерера – Мкитарјан (Лингард 74′), Погба, Фелаини, Мата (Руни 90′) – Рашфорд (Марсијал 84′). Менаџер: Жозе Мурињо.