Неуспешниот обид на Белорусија да се пласира во финалната фаза на Светското првенство во хокеј на мраз беше причина за претседателот на државата Александар Лукашенко да распали по репрезентативците нарекувајќи ги безрбетници, пишува „Асошиејтед Прес“.
Агенцијата пренесува дека пред официјалните владини претставници тој рекол оти на белоруските хокеари им недостасува амбиција, дека воопшто не се посветени и дека се апсолутни безрбетници.
„Работата на селекторот е одвратна“, стои како изјава на Лукашенко на официјалната интернет страница на претседателот на Белорусија.
Белорусија одигра седум меча на Светското првенство овој месец од кои доби само два. На крајот го освои претпоследното место и избегна преселба во понизок ранг.