НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија А: Несторовски го „тресна“ Емполи за крај на сезоната (Видео)

0
By Нова ТВ on May 29, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илија Несторовски со стил ја заокружи дебитантската сезона во Серија А. Македонскиот репрезентативец беше стрелец за Палермо во победата на домашен терен над Емполи со 2:1 и ги одигра сите 90 минути, но тимот од „Ренцо Барбера“, сепак, не успеа да опстане во италијанската фудбалска елита и се сели во понизок натпреварувачки ранг.

Сицилијанската „30-ка“ финишира со 11 погодоци во 37 настапи за Палермо. Стартуваше во 34 од нив, во три влегуваше од клупата, во шест беше повлекуван од игра и притоа, според педантните статистичари на Апенините, одигра 3107 минути.

https://www.youtube.com/watch?v=eku-H5AJurg

Јувентус ја одбрани титулата во Серија А и заедно со Рома ќе игра во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) во сезоната 2017/18. Наполи го освои третото место и до ЛШ ќе мора преку квалификациите.

Сигурни италијански претставници во групите во Лига Европа се Аталанта и Лацио. Шанса да се придружи на екипите од Бергамо и Рим ќе има и Милан кој како шестопласиран на табелата ќе игра квалификациски двомеч.

Во Серија Б се селат Емполи, Палермо и Пескара. Нови калчолигаши се Спал и Верона, а за преостанатото празно место во елитниот ранг ќе разигруваат Карпи, Фросиноне, Беневенто и Перуџа.

Серија А, 38 коло

Резултати

Торино – Сасуоло 5:3

Палермо – Емполи 2:1

Интер – Удинезе 5:2

Фиорентина – Пескара 2:2

Кротоне – Лацио 3:1

Сампдорија – Наполи 2:4

Рома – Џенова 3:2

Калјари – Милан 2:1

Болоња – Јувентус 1:2

Аталанта – Киево 1:0

Табела: Јувентус 91, Рома 87, Наполи 86, Аталанта 72, Лацио 70, Милан 63, Интер 62, Фиорентина 60, Торино 53, Сампдорија 48, Калјари 47, Сасуоло 46, Удинезе 45, Киево 43, Болоња 41, Џенова 36, Кротоне 34, Емполи 32, Палермо 26, Пескара 18.

Илија Несторовски Палермо Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.