Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ролан Гарос: Триумф на Мареј, јубилеј на Монфис, Звер(ев) скротен

0
By Нова ТВ on May 30, 2017 СПОРТ
Фото: rolandgarros.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 30, 2017 23:54

Првиот носител и најдобар светски рекет, Енди Мареј се пласира во второто коло на Ролан Гарос. Британецот во четири сета (6:4, 4:6, 6:2, 6:0) го скрши отпорот на Андреј Кузнецов од Русија за нареден дуел во Париз против Словакот Мартин Клижан.

„Кузнецов игра агресивен тенис и постојано се обидува да ги држи противниците на основната линија. Зад себе има добри настапи на земја во оваа година и знаев дека ќе биде тешко. Ланскиот турнир беше добар за мене и секој пат кога се враќам овде сакам да бидам подобар од претходниот. Се надевам дека ќе успеам“, рече Мареј кој во 2016 година загуби во финалето од Новак Ѓоковиќ.

Првиот меч во Париз го доби и домашниот адут Гаел Монфис. Французинот го елиминира Дастин Браун од Германија со 6:4, 7:5, 6:0 што е негова јубилејна 400. победа на АТП турот.

Фото: rolandgarros.com

Фернандо Вердаско, пак, го приреди најголемото изненадување во третиот натпреваруачки ден на Отвореното тениско првенство на Франција. Шпанскиот ветеран го порази деветтиот носител Александар Зверев кој во Париз пристигна како Мастерс шампион од Рим. Успешна премиера во Градот на светлината имаа и Кеи Нишикори, Хуан Мартин дел Потро, Ник Кирјос.

Фото: rolandgarros.com

Халеп, Конта, Радванска и Бушар во второ коло

Мирен ден на турнирот и во женска конкуренција. Сите носителки што се појавија во тенискиот комплекс во Париз ги решија обврските во своја корист. Симона Халеп беше подобра од словачката тенисерка Цепелова со 6:2, 6:3, Полјачката Радванска загуби само два гема во дуелот со Французинката Феро (6:1, 6:1), а Канаѓанката Бушар одигра три сета со Озаки од Јапонија за конечни 2:6, 6:3, 6:2.

Фото: rolandgarros.com

Меѓу најдобрите 64 на гренслемот се пласираа и Елина Свитолина, Џоана Конта и Медисон Киз.

Ролан Гарос – Комплетни резултати од трет натпреварувачки ден

МАЖИ, 1 КОЛО

Мареј (1., В. Британија) – Кузнецов (Русија) 6:4, 4:6, 6:2, 6:0

Вердаско (Шпанија) – А. Зверев (9., Германија) 6:4, 3:6, 6:4, 6:2

Вавринка (3., Швајцарија) – Ковалик (Словачка) 6:2, 7:6, 6:3

Монфис (15., Франција) – Браун (Германија) 6:4, 7:5, 6:0

Нишикори (8., Јапонија) – Кокинакис (Австралија) 4:6, 6:1, 6:4, 6:4

Бердих (13., Чешка) – Штруф (Германија) 6:1, 6:1, 4:6, 6:4

Кирјос (18., Австралија) – Колшрајбер (Германија) 6:3, 7:6, 6:3

Шарди (Франција) – Албот (Молдавија) 6:2, 6:4, 7:6

Чунг (Ј. Кореја) – Квери (27., САД) 6:4, 3:6, 6:3, 6:3

Изнер (21, САД) – Томпсон (Австралија) 6:3, 4:6, 7:6, 6:3

Лоренци (Италија) – Беранкис (Литванија) 6:0, 6:2, 6:4

Качанов (Русија) – Јари (Чиле) 6:4, 3:6, 7:6, 6:1

Дел Потро (29., Аргентина) – Пелја (Аргентина) 6:2, 6:1, 6:4

Алмагро (Шпанија) – Багдатис (Кипар) 6:7, 6:4, 6:3, 7:6

Истомин (Узбекистан) – Ескобедо (САД) 7:6, 6:3, 6:4

Долгополов (Украина) – Берлок (Аргентина) 7:5, 6:3, 6:4

Клижан (Словачка) – Локоли (Франција) 7:6, 6:3, 4:6, 0:6, 6:4

Едмунд (В. Британија) – Елијас (Португалија) 6:3, 6:2, 7:5

Андерсон (Ј. Африка) – Јазири (Тунис) 7:6, 6:3, 7:6

Монтеиро (Бразил) – Милер (Франција) 7:6, 2:6, 4:6, 7:6, 6:0

ЖЕНИ, 1 КОЛО

Конта (7., В. Британија) – Хсиех (Тајпеј) 6:1, 6:7, 6:4

Свитолина (5., Украина) – Шведова (Казахстан) 6:4, 6:3

Гарсија (28., Франција) – Хибино (Јапонија) 6:2, 6:2

Халеп (3., Романија) – Цепелова (Словачка) 6:2, 6:3

Корне (Франција) – Бабош (Унгарија) 6:2, 6:7, 6:2

Киз (12., САД) – Барти (Австралија) 6:3, 6:2

Бушар (Канада) – Озаки (Јапонија) 2:6, 6:3, 6:2

А. Радванска (9., Полска) – Феро (Франција) 6:1, 6:1

Таунсенд (САД) – Като (Јапонија) 6:4, 6:0

Ван Ујтванк (Белгија) – Осака (Јапонија) 6:3, 7:5

Пиронкова (Бугарија) – Бартел (Германија) 6:0, 6:4

Кирстеа (Романија) – Пенг (Кина) 6:3, 6:1

Марија (Германија) – Дуан (Кина) 6:4, 6:1

Вондрусова (Чешка) – Асе (Франција) 6:1, 6:0

Севастова (17., Летонија) – Бек (Германија) 6:2, 6:4

Стрицова (20., Чешка) – Риске (САД) 6:3, 6:0

Паке (Франција) – Кр. Плишкова (Чешка) 6:7, 6:2, 6:2

Касаткина (26., Русија) – Викмаер (Белгија) 7:5, 6:4

Суарез Наваро (21., Шпанија) – Сакари (Грција) 6:4, 6:2

Мартиќ (Хрватска) – Бондаренко (Украина) 6:2, 7:5

 

 

 

Гаел Монфис Енди Мареј Ролан Гарос тенис Фернандо Вердаско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.