Европратеникот Едвар Кукан, кој беше еден од преговарачите во Договорот од Пржино во изјава за НОВАТВ говори за очекувањата од новата Влада и за она што би моќело да следи во сега опозициската ВМРО ДПМНЕ, која заминува од власт по речиси 11 годипно владеење.
Гдине Кукан што очекувате од новата Влада? Што треба да биде нивниот приоритет?
-Пред се сакам да кажам дека ми е драго што работите почнаа да се движат по долгата криза, тука е новата Влада, новиот спикер и се надевам дека тое ќе работат одговорно. Европската перспектива е многу важна за земјата и за целиот регион. Опозицијата долго се жалеше, а сега тие се Владата и можат да ги придвижат работите во иднина. Но мојата порака е – бидете многу одговорни, мислете на иднината на земјата и на луѓето, не донесувајте избрзани одлуки и не правете чекори кои би биле краткорочно корисни, вие сте под голема лупа, знам дека е тешко но вие сте надежта дека Македонија конечно ќе стане нормална земја со нормална политичка ситуација.
Со оглед на настаните во последно време, дали очекувате реформа во вашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ која е сега во опозиција?
-И за нив имам порака. Тие се нашата сестринска партија и тоа не еп променето. Има живот и во опозицијата. Во секое општество опозицијата има голема улога. Ќе соработуваме во нив, ќе разговораме со нив, ќе им помогнеме… А како тие ќе се организираат за иднината зависи од нив. Но, мислам дека се доволно паметни за да ги донесат вистинските одлуки по периодот што измина.