Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Актор“ казнет со 50 милиони евра за перење пари во Македонија

1
By Нова ТВ on June 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 8, 2017 11:04

Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) ја казни грчката компанија „Актор“ со 50 милиони евра поради измама и перење пари при изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, пишуваат грчките медиуми „Прототема“ и „Катимерини“.

Случајот се нашол под лупа на јавен обвинител по доказите што ги собрала ОЛАФ.

Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28-километарската делница, а името на „Актор“ стана актуелно во 2014 година, кога СДСМ обвини дека од македонски банкарски сметки незаконски биле извлечени 3,5 милиони евра.

СДСМ презентираше документи и тврдеше дека грчки државјани, преку преставништвото на грчката фирма „Актор“ во земјава, подигале милиони евра во кеш од филијала на „Стопанска банка“ во Неготино.

„Прототема“ исто така пишува дека некои од вработените подигале месечна плата од 110.000 евра.

На прашање на „Мета“, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред две години изјави дека презема активности и прибира докази кои се неопходни за расветлување на случајот „Актор“.

„Со оглед на комплексноста на случајот, во надлежното обвинителство се преземаат дејства за прибирање докази, неопходни за утврдување на околностите на извршување на конкретниот кривично-правен настан“, одговорија од Обвинителство.

Пред две години, по налог на грчкото државно обвинителство, грчката финансиска полиција го уапси сопственикот на „Актор“, Леонидас Боболас, за даночно затајување и за долг кон државата.

автопат Актор казна перење пари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.