Рафаел Надал влезе во историјата како прв тенисер со двоцифрен број освоени титули на еден гренслем турнир. Шпанецот во финалето на Ролан Гарос го совлада Стен Вавринка со 6:2, 6:3, 6:1 за рекордна десетта победа во Париз.
До, вкупно, 15 гренслем во кариерата, Надал стигна по нешто повеќе од два часа и на импресивен начин без загубен сет.
Новиот шампион на Отвореното тениско првенство на Франција од утре ќе биде втор светски рекет на АТП листата, а Вавринка трет. На лидерската позиција останува Енди Мареј, Ѓоковиќ сега ќе падне на четвртото место.
Ролан Гарос
Мажи, финале
Надал (4., Шпанија) – Вавринка (3., Швајцарија) 6:2, 6:3, 6:1