Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој денеска беше на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Талир“, не сакаше да даде изјава за новинарските екипи кои чекаа пред Обвинителството.
Пред да влезе во СЈО, Димовски на новинарите им рече дека бил премногу гласен во дискусиите ви Собранието, па затоа бил повикан на распит.
Пред Димовски, на распит во СЈО беше и Иво Котевски.
Според Информациите на НОВА ТВ, Илија Димовски и Иво Котевски како директори на Центарот за комуникации на партијата и Александар Бичиклиски, дел од парите ги користеле за намирување на редовните обврски и плаќање на сметки, маркетинг услуги и услуги за истражување на јавно мислење, хотелски, ресторантски и кетеринг услуги.